Како се спроведува Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор |
E hënë, 23 mars 2015 00:00 | |||
МЦМС го издаде новиот Извештај за спроведување на Стратегијата кој се однесува на периодот јуни 2012-декември 2014 година. Во Извештајот се констатира дека половина (48%) од предвидените мерки во Стратегијата не бележат напредок. Одличен напредок бележат 10% од мерките, додека значителен напредок е постигнат кај 13% од мерките. Кај 13% од мерките има делумен напредок, и кај 12% има мал напредок. Само две мерки се во целост реализирани. Одделението за соработка со НВО и Министерството за труд и социјална политика се издвојуваат како носители на мерки, по бројот на реализирани активности во рамки на акцискиот план. Покрај прегледот на состојбата, Извештајот дава и препораки за спроведување на Стратегијата. Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор е донесена во јуни 2012 година и го опфаќа периодот од 2012 до 2017 година. МЦМС континуирано го следи спроведувањето на Стратегијата како дел од нејзиниот придонес кон вкоренето и динамично граѓанско општество кое активно влијае на јавните политики.
|