Донаторски стратегии и практики за поддршка на граѓанското општество за Западен Балкан - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Донаторски стратегии и практики за поддршка на граѓанското општество за Западен Балкан PDF Печати Е-пошта
Сабота, 31 јануари 2015 00:00

Балканската мрежа за развој на граѓанско општество заедно со Универзитетот од Лондон „Queen Mary“  го подготви извештајот „Донаторски стратегии и практики за поддршка на граѓанското општество за Западен Балкан” кој ги отсликува трендовите и практиките што активните донатори во регионот ги применуваат во поддршката на граѓанското општество. Истражувањето треба да понуди инспирација за Европската Унија и за другите донатори како да ги рефлектираат потребите на локалните чинители на граѓанското општество и како со нивниот пристап, методологија и стратегии и да придонесат кон неговиот одржлив развој. Извештајот го презентира пристапот на меѓународните донатори кон граѓанското општество во Западен Балкан, причината и мотивација за нивното присуство, механизмите кои ги применуваат во поддршката, како и перцепцијата на граѓанското општество и неговата вредност. Истражувањето содржи и преглед на поддршката за граѓанското општество по земји, заедно со модалитетите на планирање и начините на програмирање. На крај, извештајот презентира заклучоци и препораки имајќи го предвид поширокиот политички контекст во регионот.

Donatorski strategii i praktiki za poddrshka na gragjanskoto opshtestvo za Zapaden Balkan

Извештајот беше презентиран во Скопје на 28 ноември 2014 г. на промотивен состанок организиран од МЦМС и БЦСДН каде земаа учество 9 клучни претставници на донаторите во Македонија.

FotoИзвештајот е достапен во електронска верзија на англиски јазик, додека печатена верзија може да добиете од извршната канцеларија на БЦСДН.

МЦМС, како партнер во проектот „Акис (Acquis) на балканското граѓанско општество-јакнење на потенцијалот и капацитетите на граѓанските организации за застапување и лобирање“ ги поддржа активностите поврзани со подготовката на извештајот и неговата промоција во Македонија.


Поврзани:

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Донаторски стратегии и практики за поддршка на граѓанското општество за Западен Балкан