Донаторски стратегии и практики за поддршка на граѓанското општество за Западен Балкан |
E shtunë, 31 janar 2015 00:00 | |||
Балканската мрежа за развој на граѓанско општество заедно со Универзитетот од Лондон „Queen Mary“ го подготви извештајот „Донаторски стратегии и практики за поддршка на граѓанското општество за Западен Балкан” кој ги отсликува трендовите и практиките што активните донатори во регионот ги применуваат во поддршката на граѓанското општество. Истражувањето треба да понуди инспирација за Европската Унија и за другите донатори како да ги рефлектираат потребите на локалните чинители на граѓанското општество и како со нивниот пристап, методологија и стратегии и да придонесат кон неговиот одржлив развој. Извештајот го презентира пристапот на меѓународните донатори кон граѓанското општество во Западен Балкан, причината и мотивација за нивното присуство, механизмите кои ги применуваат во поддршката, како и перцепцијата на граѓанското општество и неговата вредност. Истражувањето содржи и преглед на поддршката за граѓанското општество по земји, заедно со модалитетите на планирање и начините на програмирање. На крај, извештајот презентира заклучоци и препораки имајќи го предвид поширокиот политички контекст во регионот. Извештајот беше презентиран во Скопје на 28 ноември 2014 г. на промотивен состанок организиран од МЦМС и БЦСДН каде земаа учество 9 клучни претставници на донаторите во Македонија. Извештајот е достапен во електронска верзија на англиски јазик, додека печатена верзија може да добиете од извршната канцеларија на БЦСДН. МЦМС, како партнер во проектот „Акис (Acquis) на балканското граѓанско општество-јакнење на потенцијалот и капацитетите на граѓанските организации за застапување и лобирање“ ги поддржа активностите поврзани со подготовката на извештајот и неговата промоција во Македонија.
|