Во март ќе бидат познати првите грантисти на Цивика мобилитас - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Во март ќе бидат познати првите грантисти на Цивика мобилитас PDF Печати Е-пошта
Среда, 04 март 2015 13:28

Заврши проверката на административна усогласеност и подобност за пријавите за институционални грантови од програмата Цивика мобилитас. Пријавените организации се од сите осум плански региони и се активни во најголем дел од стратешките сектори на програмата. Меѓу нив има организации активни на локално, регионално, национално и на меѓународно ниво, а во поглед на искуството, тоа се движи од над 20 години до организации кои се основале минатата година.

Се очекува одлуката на Комитетот за избор на грантови  да биде донесена во првата половина на март, по што ќе бидат известени и пријавените организации.

Првиот повик на Цивика мобилитас за институционални грантови побуди голем интерес кај граѓанските организации. На информативните сесии учествуваа 350 организации, над 200 организации се регистрираа за самооценка, а беа поднесени 210 пријави.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Во март ќе бидат познати првите грантисти на Цивика мобилитас