Промовиран Регионалниот извештај за антикорупција - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Промовиран Регионалниот извештај за антикорупција PDF Печати Е-пошта
Петок, 30 јануари 2015 17:28

Денес (30.1.2015) во Скопје, вршителот на должност амбасадор на САД во Македонија Бартон Патни и раководителот за соработка во Делегацијата на Европската Унија го отворија промотивниот настан на кој беше презентиран „Регионалниот извештај за антикорупција: Проценка на корупцијата и антикорупцијата во Југоисточна Европа“. Извештајот е дел од проектот Регионална платформа за борба против корупцијата, поддржан од Европската Унија и дел од Програмата на УСАИД за борба против корупцијата.

promoviran regionalniot izveshtaj za antikorupcija 2

Извештајот презентира податоци од истражувањето направено во девет земји и тоа: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Косово, Македонија, Србија, Турција, Хрватска и Црна Гора, а го подготви иницијативата СЕЛДИ (Лидерство за развој и интегритет во Југоисточна Европа) чија членка е и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Вршителот на должност Амбасадор на САД, г. Патни рече: „Извештајот потврдува дека, и покрај адекватната правна рамка, спроведувањето на законите и понатаму останува проблем во Македонија кој треба да се решава. Останува доста да се направи за транспарентноста, интегритетот, конфликтот на интереси, етиката и спроведување, како и за заштитата на оние кои ги даваат информациите. Владата треба да ја покаже потребната политичка волја и да ги зајакне и поттикне оние кои се борат за отчетност и транспарентност со вистински инструменти.“

На настанот свое обраќање имаше и Мартин Клауке, раководител за соработка во Делегацијата на Европската Унија. „Во изминатиот период, ЕУ започна голем број регионални и локални проекти насочени кон борбата против корупцијата, и многу повеќе се во постапка на одобрување. Тоа значи само едно - дека корупцијата останува сериозен проблем за овој регион, и дека ЕУ ја подава својата рака за помош. Справувањето со корупцијата бара широк фронт -. одговорноста не е само кај политичките елити, полицијата, антикорупциските институции и другите владини органи, таа е и кај медиумите, граѓанското општество и граѓаните во целина. Само кога сите големи општествени групи и поединци велат „не“ за корупцијата, може да се постигне вистински напредок“, - истакна г. Клауке.

promoviran regionalniot izveshtaj za antikorupcija 1

Извештајот го презентираше Даниела Минева, Истражувач во Центарот за изучување на демократијата, Бугарија, а Мунир Подумљак, извршен директор на Партнерство за општествен развој од Хрватска зборуваше за искуствата на Хрватска во борбата против корупцијата.

Според истражувањето, вклученоста на службените лица во коруптивни трансакции во ЈИЕ е многу висока што покажува дека административната корупција е масовен феномен. Коруптивниот притисок од функционерите е главниот фактор што статистички влијае врз нивото на вклученост. Повеќето од земјите каде и вклученоста и притисокот се високи исто така се карактеризираат и со ниска отпорност на коруптивниот притисок.

Во однос на приоритетите во политиката, направени се две значајни промени во пристапот кон антикорупцијата, промена на фокусот од ситна корупција кон крупна и криминализација на поширока лепеза на злоупотреби на јавната служба. Заеднички недостаток на сите девет земји од СЕЛДИ е компромитираната автономија на различните тела за надзор и спроведување на законите.

regionalen-izveshtaj-za-antikorupcijaВо подготовката на Извештајот применет е систем за процена и на корупцијата и на антикорупцијата, прилагоден на социјалното и институционалното опкружување на Југоисточна Европа и пристапот за виктимизација базиран на истражување што го применува Системот за следење на корупцијата. Процената се однесува на периодот 2013-2014.

Проектот Регионална платформа за антикорупција е финансиран од Европската Унија, а го спроведува Центарот за изучување на демократијата од Бугарија и неговите партнери. Целта е да се воспостави дијалог со носителите на одлуки на регионално и на национално ниво како и да се зголеми транспарентноста, легитимноста и сигурноста на организациите на граѓанското општество.


Поврзани:

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Промовиран Регионалниот извештај за антикорупција