Раководење со човечки ресурси - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Раководење со човечки ресурси PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 07 април 2014 17:25

Шеснаесет претставници на граѓански организации кои работат со маргинализирани групи во кумановскиот, скопскиот и тетовскиот регион учествуваа на  обуката  за Раководење со човечки ресурси што се одржа од 25 до 28 марти 2014 година во хотел Макпетрол, Маврово.

rakovodenje so chovechki resursi 2

Зошто е важно раководењето со човечките ресурси? Што подразбира и како да се организира и спроведе? – беа едни од прашањата на кои учесниците преку интеракција и вежби добиваа одговори. Тие работеа на распределбата на работни задачи, планирањето на работни места, регрутирањето и интервјуата со кандидати за работа. Преку играње улоги водеа состаноци и носеа одлуки. Посебен фокус во обуката имаше кадровата политика, односно законските рамки за работен договор, каде што беа претставени регулативите за воспоставување на работен однос и волонтерство, како и правата и обврските на договорните страни.

rakovodenje so chovechki resursi 1

Обуката е една од активностите на програмата „Оспособување на малцинските жени погодени од конфликтот“ финансирана од Европската Унија во рамките на 4-та компонента на Инструментот за претпристапна помош (ИПА). ОЖП ја спроведува МЦМС со партнерите со цел да се поддржи пристапот на жените погодени од конфликтот до пазарот на трудот.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Раководење со човечки ресурси