Раководење со човечки ресурси |
Monday, 07 April 2014 17:25 | |||
Шеснаесет претставници на граѓански организации кои работат со маргинализирани групи во кумановскиот, скопскиот и тетовскиот регион учествуваа на обуката за Раководење со човечки ресурси што се одржа од 25 до 28 марти 2014 година во хотел Макпетрол, Маврово. Зошто е важно раководењето со човечките ресурси? Што подразбира и како да се организира и спроведе? – беа едни од прашањата на кои учесниците преку интеракција и вежби добиваа одговори. Тие работеа на распределбата на работни задачи, планирањето на работни места, регрутирањето и интервјуата со кандидати за работа. Преку играње улоги водеа состаноци и носеа одлуки. Посебен фокус во обуката имаше кадровата политика, односно законските рамки за работен договор, каде што беа претставени регулативите за воспоставување на работен однос и волонтерство, како и правата и обврските на договорните страни. Обуката е една од активностите на програмата „Оспособување на малцинските жени погодени од конфликтот“ финансирана од Европската Унија во рамките на 4-та компонента на Инструментот за претпристапна помош (ИПА). ОЖП ја спроведува МЦМС со партнерите со цел да се поддржи пристапот на жените погодени од конфликтот до пазарот на трудот.
|