Околина за развој на граѓанскиот сектор во Македонија треба да се подобрува - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Околина за развој на граѓанскиот сектор во Македонија треба да се подобрува PDF Печати Е-пошта
Вторник, 25 март 2014 17:54

На 20 март 2014 година во ЕУ Инфо центарот во Скопје беше промовиран Извештајот за овозможувачката околина за развој на граѓанскиот сектор во Македонија за периодот од 2010 до 2013 година. Емина Нурединоска даде општ осврт на околината за развој на граѓанскиот сектор во Македонија, а Симона Огненовска ги презентираше главните наоди.

okolina za razvoj na gragjanskiot sektor vo makedonija treba da se podobruva 1

Извештајот констатира дека Законот за здруженија и фондации (ЗЗФ) е многу добра основа за  слободата на здружување. Сепак, поради неусвоените подзаконски акти и неизменетите даночни закони тој не е целост функционален. Правната рамка за слободата на собирање е во линија со најдобрите меѓународни стандарди, но забележани се дневнополитички злоупотреби и изолирани случаи на ограничување на мирните собири.

Граѓанските организации немаат значителни даночни олеснувања, а за индивидуалните давања се речиси нефункционални. Државното финансирање не е доволно развиено и не претставува значителен извор за одржливоста на ГО.

Солидно поставената институционална рамка и политиката за граѓански дијалог не се целосно функционални и не се спроведуваат доследно. Основи за давање  услуги од страна на организациите постојат, но истите се ограничени пред се на услуги од областа на социјалната заштита.

Јаромир Левичек од Делегацијата на Европската Унија (ЕУ) се осврна на политиките на ЕУ за развој на граѓанскиот сектор, со фокус на Насоките за поддршка на ЕУ за граѓанското општество (2014-2020) развиени од Генералниот директорат за проширување. Регионален осврт на  околина во која делува граѓанскиот сектор во останатите земји каде се спроведува истражувањето даде Тања Хафнер Адеми од БЦСДН.

okolina za razvoj na gragjanskiot sektor vo makedonija treba da se podobruva 2

Повеќе од  40 претставници на граѓански организации, на државни службеници, на странски и на меѓународни организации дебатираа за наодите од Извештајот. Тие ја поздравија сеопфатноста и иновативноста на ваквиот пристап на следење, и дадоа препораки за можно подобрување и проширување во иднина. Извештајот го подготви МЦМС и е прв од ваков вид во Македонија. Во следните четири години ќе се подготвува на годишно ниво, како дел од серијата национални извештаи од осум земји во Западен Балкан  и во Турција.

Настанот беше организиран во рамки на проектот „Acquis на балканското граѓанско општество: Јакнење на потенцијалот и капацитетите на  граѓанските организации за застапување и лобирање“ финансиран од Европската Унија. Проектот е спроведуван од БЦСДН и членките на БЦСДН, во партнерство со Европскиот центар за непрофитно право (ЕЦНЛ) и Европската мрежа на национални граѓански организации (ЕННА).


Поврзани:

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Околина за развој на граѓанскиот сектор во Македонија треба да се подобрува