Практично искуство за над 90 жени од седум општини - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Практично искуство за над 90 жени од седум општини PDF Печати Е-пошта
Четврток, 31 октомври 2013 00:00

Нови 60 договори за обука низ работа беа склучени во текот на октомври оваа година во кумановскиот, тетовскиот, скопскиот и мавровскиот регион. Со ова се комплетираа активностите во програмата Оспособување на жените погодени од конфликтот (ОЖП) за поврзување на целната група со претпријатијата и стекнување практично искуство за работа.

Бројот на ангажирани жени, кориснички на програмата надмина 90, а бројот на деловни субјекти со кои се соработува сега е поголем од 40. Најголем интерес покажаа жените од општината Теарце, а потоа од општината Маврово и Ростуша и Липково. Темите на обуките се разновидни: преработка на зеленчук и млечни производи, административни работи, медицинска нега и фармација, фризерство, кроење и шиење, продажба, готвење и одржување хигиена во угостителски објекти итн.

Две од ангажираните кориснички кои завршија со обуката низ работа ќе продолжат со работа.

На 4 октомври беше организиран и состанок со 43 учеснички од општините Теарце и Желино, на кој беа информирани за досегашните активности и можностите за учество во следните активности. Исто така беше организиран и состанок со заинтересираните претпријатија од скопскиот регион.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Практично искуство за над 90 жени од седум општини