Обука за Системот за следење на корупцијата - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Обука за Системот за следење на корупцијата PDF Печати Е-пошта
Вторник, 12 ноември 2013 10:19

Од 4 до 6 ноември 2013 г., во Маврово, МЦМС ја организираше обуката на тема „Методологија за следење на корупцијата“. Целта беше учесниците да се стекнат со знаења за методологијата на Системот за следење на корупцијата (ССК) кој е сеопфатен пристап за мерење на искуствата на граѓаните, перцепциите, подложноста и прифаќањето на корупцијата. ССК е развиен од бугарскиот Центар за изучување на демократијата (ЦИД).

obuka za sistemot za sledenje na korupcijata 1

Обуката ја следеа 19 учесници (15 претставници на граѓанските организации, тројца претставници на Државна комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) и еден претставник на Министерство за правда). Обучувачи беа експертите Александар Стојанов, Руслан Стефанов, Тихомир Безлов и Даниела Минева од ЦИД.

Учесниците се запознаа со основните разлики и предности на ССК во однос на други меѓународни методологии за следење на корупцијата, како и со практичната примена на методологијата во Бугарија како дел од следењето на анти-корупциските реформи.

Фокусот беше на теориската позадина на ССК (дефиниција на корупцијата, основните предуслови за корупцијата итн.); индексите за мерење на корупцијата; и практичната примена на ССК за следење на корупцијата во одредени сектори (полиција, правосудство, царина). Учесниците имаа можност да дознаат и како се подготвува Извештајот за следење на корупцијата што е конечен продукт.

obuka za sistemot za sledenje na korupcijata 2

Презентациите за актуелни практики на Европската Унија за следење на корупцијата, како и поврзаноста на организиран криминал и корупција во земјите на ЕУ беа посебно интересни за учесниците.

Обуката е дел од Програмата на УСАИД за анти-корупција, што ја спроведува МЦМС. Целта на програмата е зголемена информираност и знаење на граѓанските организации и граѓаните за барање отчетност од институциите како и придонес кон нивениот повисок интегритет. Партнери во спроведување на Програмата се Институтот за демократија – Социетас Цивилис, Скопје (ИДСЦС), Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) и Транспарентност Македонија.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Обука за Системот за следење на корупцијата