Поголема солидарност и вмрежување на здруженијата од Теарце - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Поголема солидарност и вмрежување на здруженијата од Теарце PDF Печати Е-пошта
Четврток, 14 Февруари 2019 15:07

Граѓанските организации и неформалните групи проактивно да се вклучат во подготовката на локалните политики, беше една од главните препораки на дебатата „Учеството на граѓанските организации во руралните средини и соработката со локалната администрација“. Таа се организираше во рамки на средбата на Мобилниот ресурсен центар со организациите во Теарце на 11 февруари.

pogolema solidarnost i vmrezhuvanje na zdruzhenijata od tearce

Во дискусијата се вклучија 10 учесници, кои истакнаа дека треба да се зајакне меѓусебната солидарност и вмрежување на формалните и неформалните организации на локално ниво.

Еден од главните предизвици со кои се соочуваат се недоволно искористените начини на консултација и соработка помеѓу локалните институции и граѓанскиот сектор. Освен тоа, населението не е доволно запознаено со влијанието на организираните форми врз подобрувањето на севкупниот живот во руралните средини, за што е потребно да се зајакнат нивните знаења и вештини.

Соработката со бизнис секторот и пристапот до фондови во руралните средини исто така претставува поле на интерес на организациите од овој регион. Оттука, произлегува и главната препорака на средбата за поголема соработка на граѓанските здруженија од населените места.

Граѓанскиот ресурсен центар е проект финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во партнерство со Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар и Медиа плус од Штип.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Поголема солидарност и вмрежување на здруженијата од Теарце