Граѓаните на Македонска Каменица и Делчево го почнаа меѓуопштинскиот форум - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Граѓаните на Македонска Каменица и Делчево го почнаа меѓуопштинскиот форум PDF Печати Е-пошта
Среда, 29 мај 2013 00:00

На 28 мај 2013 година во Македонска Каменица се одржа првата форумска сесија од меѓуопштинскиот форум на општините Македонска Каменица и Делчево. Граѓаните на двете општини покажаа голем интерес за учество во форумот што беше очигледно од нивното големо присуство на сесијата.

gragjanite-na-makedonska-kamenica-i-delchevo-go-pochnaa-megjuopstinskiot-forum1-

Беше презентирана структурата на форумот и темата за која ќе се дискутира во претстојните неколку месеци, „Собирање смет“. Анжелика Маркова Бошковска укажа на главните проблеми кои се дел од собирањето на сметот, а со кои се соочуваат двете општини. Во дискусијата потоа, граѓаните се надоврзаа со свои забелешки и сугестии.

Во своето обраќање до граѓаните, Дарко Митевски, градоначалникот на Македонска Каменица, истакна дека е особено значајно тоа што жителите на двете општини се активно вклучени и сами имаат можност да одлучуваат за проблемите со кои се соочуваат. „Се надеваме дека ова ќе биде уште едно позитивно искуство и за нас како локална самоуправа и за нашите граѓани и дека проблемот со собирањето на отпад ќе биде долгорочно решен“, истакна тој.

На форумската сесија беше формирана и структурата на форумот при што граѓаните се определија за работа во една од вкупно деветте работните маси.

gragjanite-na-makedonska-kamenica-i-delchevo-go-pochnaa-megjuopstinskiot-forum-2

„Изненадена сум што и граѓаните имаат можност да се вклучат во решавањето на локалните проблеми, што според моите сознанија е прв ваков случај во нашата општина“, ни рече Билјана Митревска, од Македонска Каменица. „Проблемот со отпадот, неговото собирање и складирање е проблем за сите нас и се надевам дека Програмата ќе придонесе за негово решавање. Верувам дека интересот кај граѓаните уште повеќе ќе се зголемува и дека вистински ќе ги лоцираат проблемите и ќе донесат правилни одлуки“, рече Митревска.

Граѓаните формираа работна група која ќе направи подетална анализа на темата и ќе ја презентира на втората форумска сесија што ќе се одржи на 18 јуни 2013 година во Делчево.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Граѓаните на Македонска Каменица и Делчево го почнаа меѓуопштинскиот форум