Граѓаните на Македонска Каменица и Делчево го почнаа меѓуопштинскиот форум - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Граѓаните на Македонска Каменица и Делчево го почнаа меѓуопштинскиот форум PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E mërkurë, 29 maj 2013 00:00

На 28 мај 2013 година во Македонска Каменица се одржа првата форумска сесија од меѓуопштинскиот форум на општините Македонска Каменица и Делчево. Граѓаните на двете општини покажаа голем интерес за учество во форумот што беше очигледно од нивното големо присуство на сесијата.

gragjanite-na-makedonska-kamenica-i-delchevo-go-pochnaa-megjuopstinskiot-forum1-

Беше презентирана структурата на форумот и темата за која ќе се дискутира во претстојните неколку месеци, „Собирање смет“. Анжелика Маркова Бошковска укажа на главните проблеми кои се дел од собирањето на сметот, а со кои се соочуваат двете општини. Во дискусијата потоа, граѓаните се надоврзаа со свои забелешки и сугестии.

Во своето обраќање до граѓаните, Дарко Митевски, градоначалникот на Македонска Каменица, истакна дека е особено значајно тоа што жителите на двете општини се активно вклучени и сами имаат можност да одлучуваат за проблемите со кои се соочуваат. „Се надеваме дека ова ќе биде уште едно позитивно искуство и за нас како локална самоуправа и за нашите граѓани и дека проблемот со собирањето на отпад ќе биде долгорочно решен“, истакна тој.

На форумската сесија беше формирана и структурата на форумот при што граѓаните се определија за работа во една од вкупно деветте работните маси.

gragjanite-na-makedonska-kamenica-i-delchevo-go-pochnaa-megjuopstinskiot-forum-2

„Изненадена сум што и граѓаните имаат можност да се вклучат во решавањето на локалните проблеми, што според моите сознанија е прв ваков случај во нашата општина“, ни рече Билјана Митревска, од Македонска Каменица. „Проблемот со отпадот, неговото собирање и складирање е проблем за сите нас и се надевам дека Програмата ќе придонесе за негово решавање. Верувам дека интересот кај граѓаните уште повеќе ќе се зголемува и дека вистински ќе ги лоцираат проблемите и ќе донесат правилни одлуки“, рече Митревска.

Граѓаните формираа работна група која ќе направи подетална анализа на темата и ќе ја презентира на втората форумска сесија што ќе се одржи на 18 јуни 2013 година во Делчево.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Граѓаните на Македонска Каменица и Делчево го почнаа меѓуопштинскиот форум