Голем интерес за курсевите и обуките низ работа - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Голем интерес за курсевите и обуките низ работа PDF Печати Е-пошта
Петок, 10 мај 2013 09:56

Во текот на април 2013 година, МЦМС во соработка со партнерските организации Инициатива за европска перспектива – ИЕП, Флоренс Најтингејл и Рекански Бисер идентификуваа повеќе 300 жени, потенцијални учеснички во програмата. Направени се интервјуа со 280 од нив, а 250 покажале интерес за активно учество во курсевите и обуките кои ќе се организираат со цел подобрување на способностите и вештините за вработување.

golem-interes-za-kursevite-i-obukite-niz-rabota-3

Паралелно со интервјуата, идентификувани се околу 150 локални претпријатија. Партнерите во програмата, во соработка со Агенцијата за истражување на пазарот и јавното мислење М-Проспект анкетираа повеќе од 40 претпријатија кои покажаа интерес и подготвеност за соработка во следната фаза за курсеви и обука низ работа. Во следниот период ќе се направи анализа на собраните податоци од анкетата, ќе бидат селектирани и распоредени во групи жените кои ќе ги посетуваат курсевите и обуките.

golem-interes-za-kursevite-i-obukite-niz-rabota-1

Во општините Јегуновце, Теарце, Чаир и Сарај се одржаа и вторите информативни средби. Учествуваа идентификуваните жени и заинтересираните за учество во проектот кои се информираа директно и детално за содржината на проектот, предвидените активности како и очекуваните резултати. Посебна внимание беше посветено на планираните курсеви и обуки низ работа, како и на дискусиите околу нивните преференции.

golem-interes-za-kursevite-i-obukite-niz-rabota-2

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Голем интерес за курсевите и обуките низ работа