Иднината на пристапот на Ромите до фондови - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Иднината на пристапот на Ромите до фондови PDF Печати Е-пошта
Четврток, 25 април 2013 00:00

На 18 април 2013 година во Осијек, Хрватска се одржа регионален состанок на партнерите на ПРФ (Пристап на Ромите до фондови), за дефинирање на нови среднорочни стратешки насоки на иницијативата „Да се направи максимум со фондовите од ЕУ за Ромите (МтМ)“. На состанокот присуствуваа претставници на националните спроведувачки организации од Македонија, Црна Гора, Србија и Хрватска, како и претставници на Институтот Отворено општество (ИОО) од Будимпешта, како донатор на програмата.

IMG 8108

Во првиот дел од состанокот учесниците расправаа за евентуалните потреби за концептуални и операционални прилагодувања на Програмата и дефинирање на заеднички, регионални иницијативи, како и специфични активности за секоја земја посебно, кои би се спровеле во текот на 2013 година.

Присутните ги споделија своите искуства за проблемите со кои се соочиле во текот на спроведувањето на програмата и предлагаа прилагодувања на методологијата. Така би се подобрил квалитетот на реализирање на програмата и би се овозможила стабилна испорака на услуги, компатибилни со приоритетните потреби на Ромската заедница.

Вториот дел од состанокот беше посветен на иднината на пристапот на Ромите до фондови и на неговата долгорочна стабилност.

IMG 8107

Учесниците разговараа за своите стратешки размислувања за тоа што е она што во иднина треба да се преземе на национално и регионално ниво за подобро застапување на интересите на ромското население во четирите земји, за да се зголеми и обезбеди трајно општествено вклучување, јакнење на капацитетите и партиципација во развојните процеси на Ромите.

МтМ е иницијатива на Институтот Отворено општество (ИОО). Во Македонија, национални партнери на иницијативата се МЦМС и ИнСок. МтМ се стреми да ги поврзе зацртаните цели за социјална инклузија на Ромите со развојните ресурси на Европската Унија (ЕУ), но и на националните влади со потребите на ромското население.

На состанокот, како претставници од Македонија учествуваа Александар Кржаловски и Валентина Чичева од МЦМС и Самет Скендери од Иницијатива за социјална промена (ИнСоК).

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Иднината на пристапот на Ромите до фондови