Втор неделен пресек: Изборите во медиумите - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Втор неделен пресек: Изборите во медиумите PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 18 март 2013 17:22

Неделниот пресек на известувањето на медиумите на теми поврзани со Локалните избори 2013 е дел од проектот Мојот избор на МЦМС и ИДСЦС. Агрегирањето на информациите презентирани во него се прави во соработка со порталот Daily.mk. Презентираните  податоци се собрани од 62 медиуми кои имаат свои он-лине изданија.

Темите се поделени во пет категории: политички партии, општини (вкл. и градот Скопје), кандидати за градоначалници, теми релевантни за локалниот развој (согласно со законските надлежности на општините) и медиуми.

Објавите се следат и анализираат на дневно ниво, со графички прикази за секој ден од кампањата и кумулативно. Минатата недела беше објавен првиот неделен пресек, а во продолжение следи вториот неделен пресек кој се однесува на периодот 11-17 март 2013 година.

nedela2 partii

Во објавите во кои се спомнуваат политичките партии има мали разлики во однос на претходната недела. За 4 процентни поени е намалено учеството на ВМР-ДПМНЕ, а за 2 е зголемено тоа на СДСМ. Следат ДУИ и ДПА со 7% односно 4%. И кај двете има намалување за по 1 процентен поен. Уште една разлика во однос на претходната недела е замената на седмата најчесто спомнувана политичка партија, минатата недела тоа била Достоинство, оваа недела е ЛДП. За останатите политички партии остануваат 7% од вестите, што е зголемување за 5 процентни поени во однос на претходната недела. Ова претпоставува дека медиумите отстапиле повеќе простор на другите политички партии надвор од седумте најспомнувани.

nedela2 opstini

Во поглед на општините, седумте најчесто спомнувани се речиси половина од вкупниот број на објави поврзани со изборите (49%) и бележат зголемување во однос на претходната недела кога тој процент изнесувал 46%. Известувањето за Скопје е на исто ниво, додека пораснал интересот за Центар и сега изнесува 11%, наместо 7% од претходната недела. Расте интересот и за Куманово и Битола, оваа недела за разлика од претходната се појавуваат во првите седум за кои известуваат медиумите. За таа сметка, во првите седум, оваа недела ги нема Охрид и Струга.

nedela2 kandidati

На најспомнуваните седум кандидати за градоначалници отпаѓаат 36% од објавите за разлика од минатата недела кога тие ’окупирале’ 45% од објавите.  Ова секако е во прилог на информирањето за поголем број од кандидатите за градоначалници. Распоредот на првите три кандидати, иако со пониски проценти е ист како претходната недела. Андреј Петров (8%) и оваа недела е на прво место според објавите, веднаш до него со 7% е Коце Трајановски, а Јагнула Куновска има 5% од објавите. Од шестото место минатата недела на четврто оваа недела се искачил Јани Макрадули (4%), а Стевчо Јакимовски паднал на седмо место од четврто во претходната недела. Новото име во топ седум оваа недела е Владимир Тодоровиќ, на местото на Александар Петрески.

nedela2 temi

Што се однесува до темите за кои известуваат медиумите, оваа недела се случија неколку измени: во топ седумте теми веќе не се ИКТ и социјална и детска заштита. За таа сметка, интересот пораснал за урбанистичкото планирање и за образованието. Првите три од претходната недела остануваат неприкосновени и оваа недела: комунални дејности (28%), транспарентност и отчетност (20%) и спорт и рекреација (16%).

nedela2 mediumi

На крај, може да се види кои од медиумите најчесто известувале за темите поврзани со локалните избори. Првите седум, оваа недела имаат поголем дел од медиумскиот колач, 54% наспроти 48% претходната недела. А1Он се уште е водечка според тоа колку известува за локалните избори (12%), а на второ место оваа недела е Плус инфо (11%), наместо Сител телевизија (8%). На топ седумте, оваа недела им се придружи и Бриф, а на листата веќе не е Нет прес.

nedela2 partii

nedela2 opstini

nedela2 kandidati

nedela2 temi

nedela2 mediumi

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Втор неделен пресек: Изборите во медиумите