МОЈОТ ИЗБОР 2013 - Изборен процес - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

МОЈОТ ИЗБОР 2013 - Изборен процес PDF Печати Е-пошта
Четврток, 21 март 2013 15:16

Изборниот процес е во тек. На 24 март 2013 граѓаните ќе гласаат. Во 7 часот наутро ќе се отворат вкупно 2976 избирачки места во шест изборни единици. На „Описи на избирачки места“ можете да ги најдете листите со описи на сите избирачки места. Ќе ви помогнат ако се уште не сте сигурни каде треба да го остварите своето избирачко право.

izboren-proces

На страната, во делот за изборен процес можете да ја најдете и публикацијата „Прирачник за локални избори во Република Македонија 2013“ подготвена од ИДСЦС во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер избори. Прирачникот ќе ви даде вовед во македонскиот систем на гласање на локални избори, политичките партии и коалиции кои учествуваат на изборите, како и преглед на кандидатите за градоначалници во поголемите градови.

Третиот дел се однесува на неправилностите. Тие се бележат на мапата. Информациите за нив се добиваат од билтените на МВР, од извештаите на медиумите и од самите граѓани, доколку пријавиле неправилност. Неправилности што ќе ги увидат ќе ги пријавуваат и нашите набљудувачи на денот на изборите. Дали вие сте забележале некоја неправилност? Искористете ја можноста што ви ја дава оваа веб страница и пријавете неправилности овде. https://mojotizbor.crowdmap.com/reports/submit

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести МОЈОТ ИЗБОР 2013 - Изборен процес