МОЈОТ ИЗБОР 2013 - Како ќе гласаат граѓаните во Скопје и Тетово - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

МОЈОТ ИЗБОР 2013 - Како ќе гласаат граѓаните во Скопје и Тетово PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 18 март 2013 15:16

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Институтот за демократија (ИДСЦС), во рамки на проектот „Мојот избор“ ги објавија резултатите од истражувањето на јавното мислење во Скопје и Тетово за: излезноста на изборите, за која листа на советници и за кој кандидат за градоначалник би гласале граѓаните на тие општини.

skopjeДоколку утре се одржат локалните избори, 44,3 % од граѓаните на Скопје ќе гласаат за Коце Трајановски, кандидатот на ВМРО- ДПМНЕ, а 19,2% за Јани Макрадули, кандидат на СДСМ. Потоа следуваат Артан Груби, кандидат на ДУИ, со 10,5%, Беким Фазлиу, кандидат на ДПА, со 3,4%, Горан Николовски, од ЛП, со 0,3%, Жаклина Николиќ од СДУ, со 0,3%, Габриела Арсова-Милошевска од РА, со 0,2%, Влате Војновски од НДМ, со 0,1% и Љуљзим Фазири од НДП, со 0,1. Кај советничките листи, 30,4% ќе гласаат за листата на ВМРО-ДПМНЕ, 15,7% за листата на СДСМ,10,9% за листата на ДУИ, 2,8 за листата на ДПА, а 1,3% за други листи. Процентот на оние што не знаат или не сакаат да кажат е 30%. Што се однесува до одѕивот на гласачите, 73,7% рекле дека со сигурност ќе излезат да гласаат.

tetovoВo Тетово, најголема поддршка во моментов граѓаните и даваат на Теута Арифи, кандидатот на ДУИ. За неа би гласале 21,7 % од граѓаните на Тетово, 13,1% би гласале за Сади Беџети, кандидат на ДПА, а 13% за Горан Манојлоски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. Потоа следуваат Изет Зекири, кандидат на НДП, со 6,3% и Ивица Зориќ, кандидат на СДСМ, со 1,7%. Вкупно 42% одговориле дека не сакаат да кажат, не знаат, дека нема да гласаат или воопшто не одговориле. Кај советничките листи, 18,7% ќе гласаат за листата на ДУИ, 12,5% за листата на ВМРО-ДПМНЕ, 10,7% за листата на ДПА, 4,8% за листата на НДП, а 1,8% за листата на СДСМ. Процентот на оние што не знаат или не сакаат да кажат овде е 38,9%. Што се однесува до одѕивот на гласачите, 68,4% рекле дека со сигурност ќе излезат да гласаат.


Истражувањето е направено преку телефонска анкета на 16 и 17 март 2013 година, на репрезентативен примерок од 830 испитаници со +/- 3,5 % грешка.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести МОЈОТ ИЗБОР 2013 - Како ќе гласаат граѓаните во Скопје и Тетово