МОЈОТ ИЗБОР 2013 - Граѓаните за изборите - завршна анкета - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

МОЈОТ ИЗБОР 2013 - Граѓаните за изборите - завршна анкета PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 18 март 2013 23:08

gi-zavrsna-anketa-2013(Прес сопоштение) Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во соработка со Институтот за демократија (ИДСЦС), во рамки на проектот „Мојот избор“ спроведува низа заеднички активности за Локалните избори 2013, кои вклучуваат истражувања, набљудување на избор-ните програми и кампањи, на медиуми, на изборна администрација и на денот на гласање.

По презентирањето на истражувањата „Профилот на мојот градоначалник“ и рејтинзите на кандидатите и партиите во 12 општини, а согласно законскиот рок за објавување на вакви анкети, денес ви го презентираме завршното истражување за ефектите на кампањата за определување на граѓаните за кого ќе го дадат својот глас на 24 март 2013.

Во однос на влијанието на кампањата, најголем дел од граѓаните (32,8%) одговориле дека кампањата воопшто не влијаела на нивната одлука за кого ќе гласаат за градоначалник. Од друга страна, 17,8% изјавиле дека кампањата многу влијаела на нивната одлука. За 39,8% граѓани ефектот на кампањата бил во дополнителното убедување за веќе формираниот став. Само кај мало малцинство од граѓаните (5,3%) кампањата го променила постоечкото мислење и тие се одлучиле да гласаат за друг кандидат или да не гласаат (4,9%).

На прашањето, што било одлучувачко во изборот за кој кандидат ќе гласаат, најголем дел од граѓаните изјавиле дека тоа биле досегашните резултати на кандидатите, односно партиите (35,8%). Следуваат одговорите „мојата партија“ (16,4%) и „семејството“ (13,1%), додека изборната кампања учествува со 9,8% во одлуката за гласање.

На прашањето дали постоеле фер услови за сите политички партии да ја спрове-дуваат својата кампања, мислењата се поделени – поголем дел (32,1%) од испитаниците сметаат дека целосно постоеле фер услови, незначително помалку (31,7%) дека имало делумно фер услови, а 27,3% од граѓаните сметаат дека воопшто не постоеле фер услови за спроведување на кампањата. Од друга страна, на прашањето дали веруваат дека изборите на 24 март ќе бидат фер и демократски, значително мнозинство (72,8%) смета дека ќе бидат такви – фер и демократски.

На крајот, граѓаните беа прашани и за нивната перцепција за тоа која партија би победила на овие избори (не за рејтингот, односно за кого тие ќе гласаат). Перцепцијата на 48,5% од граѓаните е дека тоа ќе биде ВМРО-ДПМНЕ, 15,5% дека тоа ќе биде СДСМ, 8,5% ДУИ, а 4,3% ДПА.

Истражувањето е направено преку телефонска анкета на 18 март 2013 година, на репрезентативен примерок од 825 испитаници со +/- 3,5 % грешка.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести МОЈОТ ИЗБОР 2013 - Граѓаните за изборите - завршна анкета