Јакнење на капацитетите на стратешките НВО 2003-2006 - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Јакнење на капацитетите на стратешките НВО 2003-2006 PDF Печати Е-пошта
Сабота, 27 август 2011 13:56

F1000006Капацитетите на граѓанскиот сектор во Република Македонија, и покрај напорите за негово зајакнување се уште се скромни. Главен извор на финансии за повеќето граѓански организации се странските и домашните фондации преку нивните проекти и програми, организациите не ги поседуваат основните вештини за мобилизација на фондови, а лошата економска состојба во Македонија и пречките во законската регулатива ги обесхрабруваат граѓанските здруженија да работат на својата одржливост. Наспроти ваквата состојба е потребата за граѓанско општество претставено со силни организации кои ќе бидат во можност да воспостават контрабаланс во однос на политичката моќ во земјата.

Токму тие беа главните мотиви МЦМС да ја спроведе ЈСН програмата во рамките на која се зајакнуваа организациските капацитети на стратешките партнери и водечките организации во секторот, за да истите бидат во можност да направат значителни промени во правец на подобрување на целокупниот амбиент за работа на ГО и вклучување на граѓанското општество во повеќе области на општественото живеење во земјата. Со организациската поддршка на стратешките организации се овозможи истите да преземаат иницијативи насочени кон приоритетите на сопствената целна група, но и иницијативи кој ќе бидат од општ интерес за граѓаните во Република Македонија и за развојот на граѓанското општество како интегрален дел во развојот на демократските процеси.

Организациска поддршка беше обезбедена за 7 организации кои беа избрани на јавен оглас врз основа на претходно утврдени критериуми. Групата на стратешки организации ја сочинуваа: Сојузот на организациите на жените на Македонија, Скопје, Дви¬же¬ње¬то на екологистите на Македонија, Скопје, Асоцијацијата за демократски иницијативи, Гостивар, Полио плус – пост полио група за поддршка, Скопје, Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, Скопје, ЗГ ОХО, Скопје и Центарот за граѓански иницијативи, Прилеп.

Организациската поддршка беше испланирана во согласност со потребите и приоритетите на организациите кои беа утврдени со претходна проценка на нивните капацитети, како и врз основа на поднесените тригодишни Планови за градење на капацитетите. Во тие рамки поддршката се состоеше од 5 дела: Обука (обука, консултации, состаноци, семинари, студиски посети); Транспарентност (годишни извештаи и ревизии); Плати (хонорар за извршена работа, со вклучување на персоналниот данок); Информации (билтени, лифлети, web страница, публикации, информативни материјали, истражувања, прес конференции); и Канцелариски трошоци (вода, струја, телефон, парно, потрошен канцелариски материјал, софтвер, локални транспортни трошоци).

Програмата изврши позитивно влијание во јакнењето на организациските капацитети на стратешките организации во следниве области: постигнувања на организациите, влијание; внатрешна структура на организацијата (поголема отчетност, реструктурирање); односи (формирање сојузи и коалиции во рамки на секторот; градење капацитет на организациите-членки, итн); значителен број на меѓународни контакти и генерирање нови знаења и искуства.

Вкупниот буџет на програмата изнесува 26.493.542,00 МКД, а средствата се обезбедени од ЕЕД и ДЦА.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Јакнење на капацитетите на стратешките НВО 2003-2006