1993 - Воспоставување на МЦМС - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

1993 - Воспоставување на МЦМС PDF Печати Е-пошта
Сабота, 26 ноември 2011 16:48

osnovanje-mcmsИнспиративната приказна за МЦМС започнува во 1993 година, по осамостојувањето на Македонија. МЦМС е потфат на домашни мировни и граѓански иницијативи, поддржани од Холандската меѓуцрковна помош (ХМП). Основан е на 14 декември 1993 г. Целите беа промоција на мирот, организирање на граѓанското општество и помош на оние кои имаат потреба.

Основањето следеше како одговор на проблемите што ги донесе распадот на Југославија и значеше знак на солидарност во напорите за мирољубиво решение на проблемите, унапредувањето на добрососедството и соработката меѓу сите луѓе кои живеат во Македонија и промоцијата на мирните и праведни решенија за постојните разлики во регионот, со надеж дека тоа е возможно.

Разговорите меѓу седумчлениот комитет со ХПМ започнаа во пролетта 1993 година. Низ повеќе разговори и средби беа дефинирани основните елементи на новата организација. Финализирањето се случи на 14 декември 1993 година, со одржувањето на Основачкото собрание на тогаш хуманитарната организација Македонски центар за меѓународна соработка.

Целите на МЦСМ беа поставени:

  • Промоција на мирот;
  • Организирање на граѓанското општество и
  • Помош на оние кои имаат потреба.

Задачите на новата организација беа: 

  • да гради долготрајни односи на соработка со организациите кои имаат слични цели, во земјата и во странство;
  • да изгради сопствена структура;
  • да ја информира македонската и меѓународната јавност за развојот и развојните потреби во Македонија и за сопствената работа и работата на организациите со кои соработува.

Така се ставени темелите на организацијата која се разви како независна, граѓанска, не за профит организација, подготвена да се соочи со предизвиците и да креира модели или алтернативи за решавање на проблемите.

Овде би сакале уште еднаш да ја кажеме нашата голема благодарност до човекот што сето ова го направи возможно во 1993 година – Херт Јан ван Апелдорн, претставник на ХПМ во Македонија. МЦМС растеше и јакнеше благодарение на поддршката на ХПМ и на знаењето, вештината и благодарноста што и ги пренесе тој.

1993

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести 1993 - Воспоставување на МЦМС