Нашата историја - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Нашата историја PDF Печати Е-пошта

monografijaМакедонски центар за меѓународна соработка 1993-2003. Воспоставувањето и развојот на МЦМС, ги следеше промените во Македонија во овој транзициски период.

Приказната за основањето и развојот на МЦМС е инспиративна и импресионирачка. МЦМС е основан во 1993 година, како потфат на домашни иницијативи поддржани од Холандската меѓуцрковна помош (ХМП) и агенциите во односи со Светскиот совет на црквите (ССЦ). Основањето следеше како одговор на проблемите што ги донесе распадот на Југославија и значеше знак на солидарност во напорите за мирољубиво решение на пробле-мите, унапредувањето на  добрососедството и соработката меѓу сите луѓе кои живеат во Македонија и промоцијата на мирните и праведни решенија за постојните разлики во регио-нот, со надеж дека тоа е возможно.

МЦМС се разви како независна, граѓанска, не за профит организација, која е подготвена да се соочи со предизвиците и да креира модели или алтернативи за решавање на проблемите. Резултатите постигнати во петнаесетте години секако означуваат успех. Успех кој е веќе потврден со бројни признанија. МЦМС е пример во Македонија и Источна Европа.

Во периодот од основањето, МЦМС спроведе повеќе од 1,300 проекти, во околу 60 програми, за над 45 милиони евра, во секторите на водоснабдување и санитација, рурален развој, здравство и образование, вработување и граѓанско општество и демократизација, доверба, итна помош и активности на Балканот.

МЦМС го подржуваше развојот на руралните заедници, пред се преку јакнење на нивниот капацитет за решавање на сопствените проблеми. Резултат на тоа се над 250 села со обезбеден пристап до вода за пиење. Карбинци, Долнени, Старо Нагоричани, Сарај и други се лидери меѓу руралните општини, благодарејќи и на фокусираната и повеќегодишна поддршка од МЦМС.

Преку активности во здравството, во почетокот, и образованието фокусот пред се беше на јакнење и вклучување на маргинализираните групи (жени, Роми, лица со посебни потреби) во главните текови на општеството. Овде најголемо постигнување е воспоставува-њето на модел за подобрување на образованието на младите Роми. Развојот на овие про-грами еволуираше во третирање на прашањата на маргинализација и дискриминација, вклучувајќи и на највисоко ниво во законодавството и во Собранието на Македонија, преку лоби-групи како Македонско женско лоби; ИППЛГ за лица со посебни потреби и Ромската лоби-група.

По почетните искуства со развој заснован на заеми, МЦМС во 1998 година ја основа Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), фокусирана на развој на малите претпријатија, преку пристап до финансиски и нефинансиски услуги. Досега МРФП под-држа над 3,500 претприемачи со заеми. МРФП има и широк спектар на нефинансиски услуги за своите корисници.

Во времето на конфликтите во Косово (1999 г.) и Македонија (2001 г.), МЦМС ја презеде улогата на „кршење на мразот и пополнување на јазот“ (Мокоро, 2002)  и поддржа голема мобилизација на граѓанското општество во хуманитарниот одговор на кризите. Овој период го насочи МЦМС и кон постконфликтни активности и градење на доверба, како и активности надвор од Македонија. МЦМС започна директни активности во градење на до-верба меѓу разните заедници и групи (етнички и верски заедници, потоа медиуми, поранешни борци и други). Со активностите во Косово од 1999 година понатаму, МЦМС покажа „уникатност на сопствениот позитивен пример за можна соработка на луѓе од различно етничко и верско потекло во балканскиот контекст“ (АЦТ, 2002). Врвот на регионалната соработка се постигна со основањето на Балканската мрежа за развој на граѓанското општество.

Основата на сите активности на МЦМС е развојот на граѓанското општество и активно граѓанство. МЦМС започна со развој на капацитетите на активистите (над 2,000 обучени) и организациите (повеќе од 200 поддржани), преку поддршка на развојот на стратеш-ките организации, до истражување и поддршка на институционалниот развој на граѓанското општество. МЦМС придонесе во нови правни рамки за граѓанското општество, како и за донесувањето на Стратегија на Владата за соработка со граѓанскиот сектор 2007-2011. Тука врвот е НВО саемот и основањето на Граѓанска платформа на Македонија во 2004 година.

МЦМС е член на ON ECOSOC, ACT и CIVICUS, како и погоре споменатите мрежи и платформи.

МЦМС е препознаен и преку слоганите кои ги идентификуваа активностите од почетниот „Помош за самопомош“ преку „Цело е кога има се“, „Меѓутоа“ и “Не ме фиромирај“ до „Јас живеам овде“ и „Еден до друг“.

МЦМС од „се уште младата организација МЦМС игра пионерска улога во брзо менливото македонско општество” и “МЦМС треба да игра улога на фацилитатор“ (МДФ, 1997) преку  “МЦМС, директно и индиректно, остварува позитивно влијание на ниво на индивидуи, на заедници и на општеството, бидејќи воспоставува примери и модели кои влијаат врз останатите актери во општеството” (ФАКТ, 2000), стана една од водечките граѓански органи-зации во Македонија и Балканот.

Успехот на МЦМС е заснован на вредности. МЦМС е уникатна платформа за дијалог и соработка на различни интересни групи во Македонија, кои во МЦМС наоѓаат свој простор. МЦМС е место каде може да се најдат „вредностите, како што се толеранцијата, различноста, доброволната акција, соработката и мирот“ (Интрак, 2002).

МЦМС е добитник на Наградата за граѓанско општество и демократија од САД и ЕУ во 1998 година, добитник е на Послание Мајка Тереза во 2004 година, како и на многу други општински и локални признанија.

 

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна За нас Нашата историја Нашата историја