2013 - 20 години МЦМС - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

2013 - 20 години МЦМС PDF Печати Е-пошта

IMG 0793Договорот со УСАИД за реализација на тригодишна програма за борба против корупцијата како и започнувањето на три нови проекти финансирани од ЕУ ја одбележаа 20-тата година од основањето на МЦМС: Регионална платформа за борба против корупција, Развивање на Балканското граѓанско општество и Од норма до пракса за еднаквост. На крајот од годината МЦМС одбележа 20 години од основањето.

Во 2013 година МЦМС спроведуваше 19 нови проекти и реализира буџет од 68 милиони денари.

Започна спроведувањето на Програмата за борба против корупцијата, финансирана од УСАИД. Програмата се спроведува во партнерство со ИДСЦС, АДИ и Транспарентност Македонија. Започнаа и три проекти финансиски поддржани од Европската Унија: Регионална платформа за борба против корупција, Развивање на Балканското граѓанско општество и Од норма до пракса за еднаквост.

МЦМС во соработка со ИДСЦС го спроведе проектот „Мојот избор 2013“, кој опфати активности поврзани со набљудување на локалните избори, истражувања на јавното мислење, следење на застапеноста на кандидатите во интернет медиумите, набљудување на работата на изборните органи и набљудување на самиот ден на изборите, како и активности за анализа на изборните програми на кандидатите за градоначалници. 

Во рамките на истражувачките активности МЦМС спроведе анкета со компаниите за влијанието на економската криза, како и анализа на околината за развој на претпријатијата. По петти пат се спроведе и анкетата за довербата во Македонија за која беа објавени два извештаи: Довербата во граѓанското општество и Довербата во луѓето и во институциите. 

Продолжи следењето и придонесот кон подобрена околина за граѓанските организации, со серија консултативни настани со граѓански организации и органи на државната управа за даночното опкружување, како и за можностите со директно занимавање со економски активности. Беше развиена и методологија за следење на индикаторите предвидени во Матрицата за овозможувачката околина за граѓанскиот сектор.  

МЦМС за прв пат почна да го спроведува проектот „Информирање на земјоделците во општина Кривогаштани“. Ова е проширување на соработката на МЦМС со Сокотаб и Филип Морис интернационал менаџмент С.А., со кои МЦМС веќе соработува во областа на модернизација на образованието.

Форумите во заедниците се спроведуваа во осум општини: Чешиново-Облешево, Делчево, Желино, Шуто Оризари, Аеродром, Василево, Босилово и Македонска Каменица, а во рамки на програмата Оспособување на жените погодени од конфликтот се работеше и на анализа на пазарот на трудот во седум општини. Продолжи јакнењето на ромските граѓански организации од Македонија, во чии рамки се подготвија 17 проектни пријави за различни донатори. 

МЦМС го избра новиот состав на Управниот одбор на МЦМС со мандат од четири години (2013-2017), како и три нови члена на Советот на МЦМС.

2013

 

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна За нас Нашата историја 2013 - 20 години МЦМС