Видеографик - 20 години МЦМС - Видео |
Оваа година МЦМС прослави 20 години од основањето. За постигнувањата подготви три видео презентации и им ги посвети на трите клучни елементи што го прават МЦМС успешен: вредностите, луѓето и резултатите. Вредностите се во основата на работењето на МЦМС, некои од нив се партиципативноста, партнерството, толеранцијата итн. Луѓето не само што се во фокусот на целите на МЦМС, тие, исто така се и клучниот ресурс за успехот и неговата главна предност. Вредностите и луѓето придонесоа за денешните резултати. Во 20 години работа, МЦМС спроведе 1578 проекти со вкупна вредност од над 50 милиони евра.
|