Се подготвува нов Акциски план на РИЦ - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Се подготвува нов Акциски план на РИЦ PDF Печати Е-пошта
Среда, 04 мај 2011 11:27

Вработените од Ромските информативни центри (РИЦ) од 19 до 21 април 2011 година, во хотелот Холидеј ин, во Скопје учествуваа на тридневна работилница за подготовка на нацрт Акциски план за Ромските информативни центри (РИЦ) за 2011-2013.

Се подготвува нов Акциски план  на РИЦ

Целта на работилницата беше оценка на стариот (2009-2011) и подготовка на нов Акциски план на Ромските информативни центри за 2011-2013.

Учесниците беа поделени во три групи и работеа на неколку прашања: информирање и известување, институционален развој и градење капацитети за учество и користење на програми кои се финансираат на локално и национално ниво и застапување на потребите на Ромите на локално ниво.

На обуката беа идентификувани јаките и слабите страни, како и причините за слабите страни на Акцискиот план на РИЦ-и за периодот 2009-2011. Потоа беа разработени чекорите на планирање проекти ориентирано кон цели (ЦОПП), беше направен дијаграм на проблеми и дијаграм на цели како основа за одредување на логиката на интервенција. По презентирањето на логичката рамка детално беа разработени објективно проверливите показатели и преку идентификувањето на претпоставките и предусловите се докомплетира логичката рамка. Учесниците направија и детални рамки за акциско планирање  и секоја од трите групи го презентираше сработеното по што се дискутираше за предизвиците на  РИЦ-и во иднина: обезбедување пристап до квалитетни информации, унификација на начинот на пренесување на информациите, создавање на услови за поредовна посета на терен на припадниците на ромската заедница и придружување и асистирање при остварување соработка со локалните институции и др.

Се подготвува нов Акциски план  на РИЦ

РИЦ-и се институционални единки кои придонесуваат за остварувањето на Стратегијата за Ромите и Декадата на Ромите преку воспоставување врски помеѓу граѓаните и институциите на локално и на национално ниво и работат во градовите Скопје, Тетово, Гостивар, Битола, Прилеп, Штип, Кочани, Куманово и Делчево.

Вработените во РИЦ-и се директно одговорни пред Одделението за спроведување на акциските планови на Стратегијата за Роми и Декадата за вклучување на Ромите при Министерството за труд и социјална политика.

Обуката ја организираше ОБСЕ, а ја спроведе МЦМС. Обучувачи беа Валентина Чичева од МЦМС и Самет Скендери извршен директор на ИнСоК.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Се подготвува нов Акциски план на РИЦ