Информативни настани за пререгистрација на организациите - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Информативни настани за пререгистрација на организациите PDF Печати Е-пошта
Среда, 16 март 2011 16:42

МЦМС организираше информативни настани за пререгистрација на здруженијата на граѓани и фондации.

Информативни настани за пререгистрација на организациите

Настаните беа организирани во Скопје и Битола, a учествуваа 114 организации. Целта на настаните беше да се информираат граѓанските организации што се треба да направат за пререгистрација на нивните здруженија и фондации.

За новините за пререгистрацијата присутните ги информираа Емина Нурединоска, раководител на одделението за граѓанско општество во МЦМС и Ленче Петрова Киранџиска од Централен регистар на Македонија. На настаните беше присутна и Јулијана Георгиевска од Министерство за правда. Презентацијата содржеше информации за следните прашања: Што и кога треба да се направи?; Како да се изврши подготовка на усогласување на актите?; Како да се спроведе постапката за усогласување на актите?; Кои документи треба да се приложат при пререгистрацијата?; Кои се разликите во содржината на статутите согласно претходниот и актуелниот закон?; Кои се други важни прашања на кои што треба да се внимава при пререгистрацијата?

Информативни настани за пререгистрација на организациите

На двата настани најчесто поставуваните прашања се однесуваа на тоа дали дејностите мора да се во согласност со Националната класификација на дејности, и дали може дополнително по потреба да се додаваат?; Зошто ЦРМ не е секаде усогласен во ставовите за наплаќање?; Дали и што се наплаќа за усогласување? Дали е задолжително во името на организацијата да стои здружение, односно фондација? Кои се последиците доколку не се пререгистрира организацијата? Дали веќе основаните фондации согласно стариот закон треба да доплаќаат за основачкиот влог? Дали ЦРМ го има предвид членот 52 од Уставот, а поврзано со неповратното дејство на законите? Дали може и дали треба да се направи промена на основачите на здружение? и сл.

Присутните на двата настани беа информирани и им беше дистрибуиран кратокиот водич за пререгистрација изготвен од страна на МЦМС, како и за сите урнеци за потребните документи за пререгистрација.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Информативни настани за пререгистрација на организациите