Обука за стратешко управување - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Обука за стратешко управување PDF Печати Е-пошта
Вторник, 22 март 2011 00:00

МЦМС за своите вработени, од 17 до 19 март 2011 година ја спроведе обуката за стратешко управување.

Обука за стратешко управување

На обуката беа разговарани и низ практична работа применувани алатките за стратешка анализа и тоа за проценка на надворешната средина како и за анализа на внатрешната способност на организацијата. Вработените разговараа за стратешкиот избор на МЦМС на деловно и на корпорациско ниво, ги разгледуваа досегашните стратешки избори и даваа идеи за потенцијалните, идни, стратешки избори.

Обуката е дел од процесот на среднорочното планирање 2012-2015 година. МЦМС практикува внатрешни и надворешни оценки како и широки дискусии, со намера да ги слушне сите идеи за идниот развој.

Обуката ја спроведоа Сашо Клековски и Александар Кржаловски, членови на Одборот на директори на МЦМС.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Обука за стратешко управување