Финансиски советувањa за граѓански организации |
Среда, 06 Февруари 2008 01:00 | ||||||||||||||||||||
Во актуелниот момент кога во контекстот брзо се случуваат промените, еден од основните услови за преживување на организациите е да развијат разбирање и доверба кон користењето на алатките за финансиско раководење. Не губете го чекорот. Ова советување обезбедува најнови информации за подготовката на завршните сметки, даночните обврски и ослободувања и извештаите и ревизиите. Што ќе имате можност да слушнете и научите на советувањето Подготовка на завршни сметки 2007 година Даночни обврски и извештаи Даночни ослободувања за донации и спонзорства Извештаи и ревизии (вклучително и претставување на ревизори) Предавачите се искусни експерти од Управата за јавни приходи како и од водечки домашни ревизорски друштва. По завршувањето на советувањето, експертите ќе ви бидат на располагање и за телефонски консултации додека ги подготвувате вашите завршни сметки. Кому му е наменето советувањето На раководствата и финансиските раководства на граѓанските организации, стопанските комори и други; На финансиските работници на граѓанските организации и На финансиските работници во претпријатијата. Време и место на одржување Советувањата се еднодневни и ќе се организираат по следниот редослед:
Пријавување Заинтересираните треба да пополнат пријава. Пријавата можете да ја преземете тука. Партиципацијата за учество на советувањето изнесува 800 МКД. Таа вклучува материјали од советувањето, освежување на паузите, ручек и две телефонски консултации. Повеќе информации кај Валентина Чичева, на телефон 02/3065 381 или на e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите |