Повик за грантови за граѓанска вклученост во борбата против корупцијата |
Среда, 03 јули 2024 10:00 |
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) објавува јавен повик за доделување на Грантови за граѓанска вклученост во борбата против корупцијата. Повикот е во рамки на програмата „Граѓаните против корупцијата“ финансирана од Американската агенција за меѓународен развој во Република Северна Македонија УСАИД. Целта на повикот за Грантови за граѓанска вклученост во борбата против корупцијата е да се зголеми транспарентноста, отчетноста и културата на интегритет преку поголема вклученост на граѓаните во борбата против корупцијата. Повикот е отворен за сите регистрирани граѓански организации и мрежи на граѓански организации како и за неформални мрежи. Главниот апликант се поттикнува да поднесе апликација во партнерство со други граѓански организации или мрежи на граѓански организации, за кои важат истите услови за аплицирање како и за главниот апликант. Минимален износ за кој може да се достави апликација за грант е 2.240.000 денари ($40.000), додека максимален износ е 3.360.000 денари ($60.000). Ќе бидат поддржани предлог-проекти кои траат минимум 18 месеци и максимум 24 месеци. На овој повик се аплицира по електронски пат. Аплицирањето ќе се одвива во една фаза, односно директно ќе се аплицира со целосна пријава. Главниот апликант и партнерската организација најпрвин мора да креираат профил на платформата: www.grants.mk (преземи Водич за креирање профил). По регистрација, само главниот апликант треба да се пријави на овој повик и да започне со пополнување на апликацијата и прилозите. Главниот апликант мора да ги додаде партнерите (со нивните единствени матични броеви и нивната е-пошта) кои ќе треба да го потврдат партнерството преку конфирмација која ќе биде побарана на нивната е-пошта (внесена при регистрација на платформата). Оваа потврда ќе се смета за доказ за Изјава за партнерство. Целосната пријава за овој повик вклучува пополнување и прикачување на grants.mk на:
Краен рок за поднесување на пријавите е 4 септември 2024 г. до 13:00 часот (македонско време). Информативна сесија Преземи ја презентацијата од инфо-сесијата за повикот Целокупните информации во однос на целите и очекуваните резултати од повикот, условите за аплицирање, подобните активности и начинот на аплицирање може да ги најдете во Упатството за аплицирање. Заинтересираните организации може да поставуваат прашања поврзани со повикот за Грантови за граѓанска вклученост во борбата против корупцијата на следната адреса: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите . ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ ЗА ПОВИКОТ ПРИСТИГНАТИ ДО 21.08.2024 |