Повик за грантови за граѓанска вклученост во борбата против корупцијата - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Повик за грантови за граѓанска вклученост во борбата против корупцијата PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E mërkurë, 03 korrik 2024 10:00

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) објавува јавен повик за доделување на Грантови за граѓанска вклученост во борбата против корупцијата. Повикот е во рамки на програмата „Граѓаните против корупцијата“ финансирана од Американската агенција за меѓународен развој во Република Северна Македонија УСАИД.

grantovi za brz odogovor 1

Целта на повикот за Грантови за граѓанска вклученост во борбата против корупцијата е да се зголеми транспарентноста, отчетноста и културата на интегритет преку поголема вклученост на граѓаните во борбата против корупцијата.

Повикот е отворен за сите регистрирани граѓански организации и мрежи на граѓански организации како и за неформални мрежи. Главниот апликант се поттикнува да поднесе апликација во партнерство со други граѓански организации или мрежи на граѓански организации, за кои важат истите услови за аплицирање како и за главниот апликант.

Минимален износ за кој може да се достави апликација за грант е 2.240.000 денари ($40.000), додека максимален износ е 3.360.000 денари ($60.000).

Ќе бидат поддржани предлог-проекти кои траат минимум 18 месеци и максимум 24 месеци.

На овој повик се аплицира по електронски пат. Аплицирањето ќе се одвива во една фаза, односно директно ќе се аплицира со целосна пријава. Главниот апликант и партнерската организација најпрвин мора да креираат профил на платформата: www.grants.mk (преземи Водич за креирање профил).

По регистрација, само главниот апликант треба да се пријави на овој повик и да започне со пополнување на апликацијата и прилозите. Главниот апликант мора да ги додаде партнерите (со нивните единствени матични броеви и нивната е-пошта) кои ќе треба да го потврдат партнерството преку конфирмација која ќе биде побарана на нивната е-пошта (внесена при регистрација на платформата). Оваа потврда ќе се смета за доказ за Изјава за партнерство. Целосната пријава за овој повик вклучува пополнување и прикачување на grants.mk на:

Краен рок за поднесување на пријавите е 4 септември 2024 г. до 13:00 часот (македонско време).

Информативна сесија

Преземи ја презентацијата од инфо-сесијата за повикот

Целокупните информации во однос на целите и очекуваните резултати од повикот, условите за аплицирање, подобните активности и начинот на аплицирање може да ги најдете во Упатството за аплицирање.

Заинтересираните организации може да поставуваат прашања поврзани со повикот за Грантови за граѓанска вклученост во борбата против корупцијата на следната адреса: Kjo Adresë e Postës Elektronike është e mbrojtur nga reklamat e pa dëshirueshme.Ju duhet JavaScript e lejuar për ta shikuar atë .

ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ ЗА ПОВИКОТ ПРИСТИГНАТИ ДО 21.08.2024


Te nderlidhura:

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Shpallje Повик за грантови за граѓанска вклученост во борбата против корупцијата