Повик за предлог проекти за Програмата за мали грантови на СЕЛДИ - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Повик за предлог проекти за Програмата за мали грантови на СЕЛДИ PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 17 јуни 2024 12:36

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), во име на Мрежата за лидерство и интегритет во Југоисточна Европа (СЕЛДИ) го објавува регионалниот Повик за предлог проекти за Програмата за мали грантови на СЕЛДИ „Финансиска поддршка за грасрут и младински граѓански организации кои ги вклучуваат граѓаните“ (референтен бр. 10-46/1-2024). Повикот за предлози е во рамките на проектот „Граѓанско општество за добро владеење и антикорупција во Југоисточна Европа: Градење на капацитети за застапување врз база на докази, влијание врз политики и граѓански ангажман (СЕЛДИ.нет)“, финансиран од Европската унија.

CALL FOR PROPOSALS web new 1

Крајниот рок за поднесување на концепт ноти е 1 август 2024 година, 16.00 часот по средноевропско време (ЦЕТ).

Превземете го упатството за аплицирање

Концепт нотите и целосните апликации за овој повик треба да се поднесат електронски. Процесот на аплицирање е двофазен, односно поднесување на концепт ноти во првата фаза и целосни апликации во втората фаза.

За потребите на поднесување на предлог проекти на повикот, апликантите треба да креираат кориснички профил на платформата: https://grants.mk/applicant/en/

По креирањето на корисничкиот профил, апликантите треба да го пронајдат и да аплицираат за конкретниот повик на Програмата за мали грантови на СЕЛДИ „Финансиска поддршка за грасрут и младински граѓански организации кои ги вклучуваат граѓаните“, референтен бр. 10-46/1-2024.

Организациите кои ќе дејствуваат како ко-апликанти исто така ќе треба да се регистрираат на платформата.

Апликантите мора да достават предлог проекти на англиски јазик.

Цели на програмата и приоритетни прашања

Програмата за мали грантови на СЕЛДИ има за цел да го зајакне придонесот на граѓанските организации од целните земји во борбата против корупцијата и нивното вклучување во циклусот на застапување и влијание на политиките на СЕЛДИ, преку финансиска поддршка на граѓанските организации, вклучувајќи и грасрут и младинските организации, активни против корупцијата.

Општата цел на овој повик за предлог проекти е да се обезбеди поддршка на локалните граѓански организации во спроведувањето на агендата на ЕУ и регионалната агенда за борба против корупцијата во целните земји, во согласност со прашањата идентификувани во Регионалниот антикорупциски извештај (РАР) на СЕЛДИ, документите за политики на СЕЛДИ и најновите извештаи за проширување за целните земји.

Специфична цел на овој повик за предлог проекти: вклучување на граѓанските организации и граѓаните во активностите на СЕЛДИ и обезбедување синергии низ регионот преку зајакнување на професионалните капацитети и вештини на граѓанските организации за борба против корупцијата и барањето одговорност од лидерите и владините институции, преку застапување и вклученост базирано на докази, мерење и разоткривање на корупцијата и заробувањето на државите и да учество во креирањето на политики.

Финансиска алокација за повикот обезбедена од Договорниот орган

Индикативниот износ наменет за Програмата за мали грантови е 292.500 евра.

Било кој грант побаран во рамки на овој повик за предлози мора да биде помеѓу следниве минимални и максимални износи, и придонесот од СЕЛДИ да се движи помеѓу следниве минимални и максимални проценти од вкупните оправдани трошоци за проектот:

  • Минимален износ на грантот: 7.000 евра; Максимален износ на грантот: 10.000 евра.
  • Минимален придонес од СЕЛДИ: 70% од вкупните оправдани трошоци за проектот; Максимален придонес од СЕЛДИ: 90% од вкупните оправдани трошоци за проектот.

Разликата (т.е. разликата помеѓу вкупниот трошок за проектот и побараниот износ од договорниот орган) мора да биде финансирана од извори различни од општиот буџет на Унијата или Европскиот фонд за развој.

Подобност на апликантите (главен апликант и ко-апликант)

За да биде подобен во рамки на повикот, главниот апликант мора:

  • Да биде непрофитна организација
  • Да биде граѓанска организација во согласност со различните законски барања за регистрација во целните земји
  • Да има правен субјективитет и да биде активен во областа на владеењето на правото, борбата против корупцијата, транспарентноста и доброто управување
  • Да биде основан и активен во Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово*, Северна Македонија, Црна Гора и Србија)
  • Да биде директно одговорен за подготовката и управувањето со проектот, со ко-апликантот (доколку го има), и да не дејствува како посредник

Главниот апликант може да настапува со максимум еден ко-апликант. Главниот апликант и ко-апликантот ќе спроведуваат активности во земјите каде што се основани и активни, соодветно. Ко-апликантот мора да ги исполнува критериумите за подобност кои се применливи за главниот апликант.

Грасрут и младински граѓански посебно се охрабруваат да достават предлог проекти на повикот.

Информативна сесија

Преземи ја презентацијата од информативната сесија за повикот

Онлајн информативна сесија за овој повик за предлози ќе се одржи на 28 јуни 2024 година во 11:00 часот по средноевропско време на ZOOM (ЛИНК за информативната сесија). Организациите заинтересирани да присуствуваат на информативната сесија можат да се регистрираат на ОВОЈ ЛИНК.

Прашања за повикот можат да се испратат по е-пошта најдоцна до 9 јули 2024 година на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , јасно наведувајќи го референтниот број на повикот за предлози (10-46/1-2024).

Преземи ги одговорите на прашањата пристигнати во предвидениот рок.


Поврзани:

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Огласи Повик за предлог проекти за Програмата за мали грантови на СЕЛДИ