Повик за предлог проекти за Програмата за мали грантови на СЕЛДИ |
Понеделник, 17 јуни 2024 12:36 |
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), во име на Мрежата за лидерство и интегритет во Југоисточна Европа (СЕЛДИ) го објавува регионалниот Повик за предлог проекти за Програмата за мали грантови на СЕЛДИ „Финансиска поддршка за грасрут и младински граѓански организации кои ги вклучуваат граѓаните“ (референтен бр. 10-46/1-2024). Повикот за предлози е во рамките на проектот „Граѓанско општество за добро владеење и антикорупција во Југоисточна Европа: Градење на капацитети за застапување врз база на докази, влијание врз политики и граѓански ангажман (СЕЛДИ.нет)“, финансиран од Европската унија. Крајниот рок за поднесување на концепт ноти е 1 август 2024 година, 16.00 часот по средноевропско време (ЦЕТ). Превземете го упатството за аплицирање Концепт нотите и целосните апликации за овој повик треба да се поднесат електронски. Процесот на аплицирање е двофазен, односно поднесување на концепт ноти во првата фаза и целосни апликации во втората фаза. За потребите на поднесување на предлог проекти на повикот, апликантите треба да креираат кориснички профил на платформата: https://grants.mk/applicant/en/ По креирањето на корисничкиот профил, апликантите треба да го пронајдат и да аплицираат за конкретниот повик на Програмата за мали грантови на СЕЛДИ „Финансиска поддршка за грасрут и младински граѓански организации кои ги вклучуваат граѓаните“, референтен бр. 10-46/1-2024. Организациите кои ќе дејствуваат како ко-апликанти исто така ќе треба да се регистрираат на платформата. Апликантите мора да достават предлог проекти на англиски јазик. Цели на програмата и приоритетни прашањаПрограмата за мали грантови на СЕЛДИ има за цел да го зајакне придонесот на граѓанските организации од целните земји во борбата против корупцијата и нивното вклучување во циклусот на застапување и влијание на политиките на СЕЛДИ, преку финансиска поддршка на граѓанските организации, вклучувајќи и грасрут и младинските организации, активни против корупцијата. Општата цел на овој повик за предлог проекти е да се обезбеди поддршка на локалните граѓански организации во спроведувањето на агендата на ЕУ и регионалната агенда за борба против корупцијата во целните земји, во согласност со прашањата идентификувани во Регионалниот антикорупциски извештај (РАР) на СЕЛДИ, документите за политики на СЕЛДИ и најновите извештаи за проширување за целните земји. Специфична цел на овој повик за предлог проекти: вклучување на граѓанските организации и граѓаните во активностите на СЕЛДИ и обезбедување синергии низ регионот преку зајакнување на професионалните капацитети и вештини на граѓанските организации за борба против корупцијата и барањето одговорност од лидерите и владините институции, преку застапување и вклученост базирано на докази, мерење и разоткривање на корупцијата и заробувањето на државите и да учество во креирањето на политики. Финансиска алокација за повикот обезбедена од Договорниот органИндикативниот износ наменет за Програмата за мали грантови е 292.500 евра. Било кој грант побаран во рамки на овој повик за предлози мора да биде помеѓу следниве минимални и максимални износи, и придонесот од СЕЛДИ да се движи помеѓу следниве минимални и максимални проценти од вкупните оправдани трошоци за проектот:
Разликата (т.е. разликата помеѓу вкупниот трошок за проектот и побараниот износ од договорниот орган) мора да биде финансирана од извори различни од општиот буџет на Унијата или Европскиот фонд за развој. Подобност на апликантите (главен апликант и ко-апликант)За да биде подобен во рамки на повикот, главниот апликант мора:
Главниот апликант може да настапува со максимум еден ко-апликант. Главниот апликант и ко-апликантот ќе спроведуваат активности во земјите каде што се основани и активни, соодветно. Ко-апликантот мора да ги исполнува критериумите за подобност кои се применливи за главниот апликант. Грасрут и младински граѓански посебно се охрабруваат да достават предлог проекти на повикот. Информативна сесијаПреземи ја презентацијата од информативната сесија за повикот Онлајн информативна сесија за овој повик за предлози ќе се одржи на 28 јуни 2024 година во 11:00 часот по средноевропско време на ZOOM (ЛИНК за информативната сесија). Организациите заинтересирани да присуствуваат на информативната сесија можат да се регистрираат на ОВОЈ ЛИНК. Прашања за повикот можат да се испратат по е-пошта најдоцна до 9 јули 2024 година на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , јасно наведувајќи го референтниот број на повикот за предлози (10-46/1-2024). Преземи ги одговорите на прашањата пристигнати во предвидениот рок. |