Комитет за односи меѓу заедниците: 20 години (не)искористени можности и предизвици - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Комитет за односи меѓу заедниците: 20 години (не)искористени можности и предизвици PDF Печати Е-пошта
Среда, 27 март 2024 14:27

Автори: проф. д-р Ана Чупеска, проф. д-р Ризван Сулејмани и проф. д-р Рубин Земон
Дата: 2023
PDF MKKomitet_za_odnosi_megu_zaednicite_FINAL.pdf
PDF ALKomitet_za_odnosi_megu_zaednicite_FINAL_ALB.pdf

Komitet za odnosi megu zaednicite FINAL Page 01Контекстот од кој се роди идејата за Комитетот за односи меѓу заедниците (КОМЗ), воениот конфликт од 2001 и Охридскиот рамковен договор, не треба да биде товар објективно и реално да се процени улогата на оваа постојано и уставно тело, за функционирање на парламентарната демократија во едно мултикултурно општество и граѓанска држава.

Од анализата на сегашната легислатива која ја регулира работата на КОМЗ, Законот за Комитетот за односи меѓу заедниците, може да се констатира дека не ја обработува во целост уставната одредба која произлегува од амандман XII на Уставот на Република Северна Македонија.

Исто така, анализата на извештаите за работата на КОМЗ во периодот 2002-2022 година, ни дава за право да констатираме дека народните претставници не ја препознаваат клучната улога на оваа тело, за градење мултиетничка демократија.

Бројот на одржаните седници и точките кои се разгледани укажуваат дека Комитетот не успеал да се наметне како клучно посебно постојано тело кое е регулирано со закон, што му дава специфична тежина, што го немаат комисиите и другите постојани тела на Собранието.

Деталната анализа, исто така, укажува дека работата на оваа тело е директно зависна од политичките околности и контексти, а посебно од заложбата на претседателот на Комитетот.

Треба да се забележи дека во 20 годишното работење на Комитетот за односи меѓу заедниците, сите претседател(к)и биле од албанската етничка заедница. Овој индикативен факт, покажува дека ова функција како да е резервирана само за една заедница.

Понатака, може да се каже дека придонесот на Комитетот за односи меѓу заедниците во унапредувањето на меѓуетничките односи е незначителен. Ваквиот заклучок се темели, пред сè, врз фактот дека Собранието не постапувало по заклучоците на Комитетот. Влијанието на политичките партии и нивните политики е доминантно, а партиската припадност и доследноста во следењето на партиските директиви ја предодредува работата на пратениците, во својство на членови на Комитетот за односи меѓу заедниците.

Собранието на Република Северна Македонија, донесе заклучоци во врска со точките 3 и 4 од заклучоците на Советот на Европската Унија и точката 11 од Заедничкиот став на Европската Унија, донесен на политичкиот состанок на меѓувладината конференција за пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија, одржана на 19.07.2022 година , согласно кои презеде обврска и за уставни измени. Бидејќи овие уставни измени го целат бројчаниот состав на КОМЗ, очигледно е дека голем предизвик за неговата работа претставува токму пристапувањето кон уставните измени.

КОМЗ освен што е суштински и фактички репрезент за фактот на македонската социетална мултикултура, тој е и орган/тело кое има особен интерес да биде поддржан од сите политички чинители, заради природата на неговата функција. Оттука, неговото функционално, оперативно и административно зајакнување е повеќе од потребно.

Истражувањето „Комитет за односи меѓу заедниците: 20 години (не)искористени можности и предизвици“ е подготвенo во рамки на проектот „Комисијата за антидискриминација ја извршува својата превентивна и заштитна улога“, финансиски поддржан од Европската Унија.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Огласи Комитет за односи меѓу заедниците: 20 години (не)искористени можности и предизвици