Справување со поделбите по етничка линија: политики за недискриминација и општествена кохезија - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Справување со поделбите по етничка линија: политики за недискриминација и општествена кохезија PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 04 март 2024 15:10

Документ за политики
Автори: Александра Савевска, Фанија Ивановска
Дата: Декември 2023
PDF: spravuvanje_so_podelbite_po_etnichka_linija.pdf

spravuvanje so podelbite po etnichka linijaВо Северна Македонија заштитата од дискриминација е издигната на највисоко ниво во законската регулатива. Во членот 9 од Уставот се наведува дека “граѓаните се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба“. А, во 2020 година се донесе нов Закон за спречување и заштита од дискриминација кој овозможува проширени дејствија за промоција, превенција и заштита за еднаквоста, човековите права и (не)дискриминацијата. 

Во Северна Македонија заштитата од дискриминација е издигната на највисоко ниво во законската регулатива. Во членот 9 од Уставот се наведува дека “граѓаните се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба“. А, во 2020 година се донесе нов Закон за спречување и заштита од дискриминација кој овозможува проширени дејствија за промоција, превенција и заштита за еднаквоста, човековите права и (не)дискриминацијата.

Дополнително, во контекст на ЕУ проширувањето, фокусот на добри меѓуетнички односи, интеркултурниот дијалог и остварување на правата на заедниците е особено важен бидејќи е дел од кластерот „фундаменталс“ кој е клучен за напредокот во преговорите. 

Дваесет и две години по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор (ОРД), општетсвото во Северна Македонија останува  поделено долж етнички линии, каде етничките заедници живеат една покрај друга без значително продлабочување на интеракцијата. И ден денес јазовите меѓу главните етнички заедници излегуваат на површина во ситуации како што се изборните процеси, политичките кризи, судски случаи, а беа присутни и при самото одбележувањето на дваесетгодишнината на ОРД. 

Со цел подобро да се разберат трендовите во однос на етничките поделби, во овој документ за политики ќе се анализираат воспоставените институционални и стратешки политики за нивно сузбивање, фокусирајќи се на: Национална стратегија за еднаквост и недискриминација 2022-2026, Национална стратегија за развој на интеркултурализмот и општествената кохезија 2024-2026 и Стратегија за инклузија на Роми 2022-2030.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Огласи Справување со поделбите по етничка линија: политики за недискриминација и општествена кохезија