Анализа на терцијарни поддомени во секундарниот поддомен ‘org.mk’ - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Анализа на терцијарни поддомени во секундарниот поддомен ‘org.mk’ PDF Печати Е-пошта
Петок, 14 јануари 2011 10:19

Автор: Борис Ристовски
Дата: јануари 2011 година
ISBN: 978-608-4617-06-8
PDF: analiza-na-tercijarni-org-mk-domeni-2010.pdf

Анализа на терцијарни поддомени во секундарниот поддомен ‘org.mk’Значењето на Интернетот било и сè уште е предмет на многубројни студии и анализи. Сите тие се согласуваат дека глобалната мрежа ја олеснува и забрзува комуникацијата, ги прави достапни информациите и овозможува и ги зголемува можностите за нејзините корисници.

Иако веројатно сè уште не можеме да се споредуваме со развиениот свет, сепак бројот на корисници на Интернет во Македонија расте секој ден. Расте и бројот на креирани веб-сајтови. Заклучно со 1.12.2010 година, на глобално ниво се регистрирани 126.036.915 поддомени под врвните домени (.com, .net, .org, .info, .biz, .us) (извор: http://www.dailychanges.com), а во Македонија 17.670 домени.

Застапеноста на доменот .оrg.mk во вкупниот број регистрирани веб-сајтови во Македонија, процентуално го следи глобалниот тренд. Така, на глобално ниво (заклучно со 1.12.2010 година),  9.110.519 или 7,23 % се под врвниот домен .org (извор: http://www.dailychanges.com), а кај нас 1.293 или 7,3 % .org.mk домени.

Со овој документ се прикажува моменталната состојба на регистрираните терцијарни поддомени во секундарниот поддомен org.mk (заклучно со 1.12.2010 година). Една од целите е да се покаже колку често се употребуваат овие комуникациски канали, односно дали се користи можноста што ја дава Интернетот. За жал, анализата покажа дека само 14 % од потенцијалните регистранти имаат регистрирано веб-сајтови. Втората цел на овој документ е да укаже на комуникациската (не)писменост.

Анализата на архивските записи е направена преку нереактивно собирање податоци (Nonreactive data collection). Податоците за анализата се добиени од регистарот на МАРНет http://dns.marnet.net.mk/registar.php. Истите се јавно достапни податоци за регистрираните домени. Собрани се сите терцијарни регистрирани домени под врвниот македонски интернет домен .мк регистрирани до 1.12.2010 г.

Анализата е започната преку проверка на соодветните именски опслужувачи каде се наоѓаат регистрираните домени. Опфатени се податоци за 1293 регистрирани домени на кои се поставени 666 активни веб-сајтови, кои се подетално анализирани.  Во сите 666 активни веб- сајтови направена е проверка на: дата на регистрација, од кого се регистрирани и каде се поставени, контакт-информации (поштенска адреса, е-пошта, телефон, факс и контакт форма), употреба на социјални медиуми и употреба на јазици.

Во овој документ се претставени резултатите од спроведената анализа и заклучоците кои произлегуваат од неа. Резултатите се претставени графички преку графикони и табели, користени се и апсолутни бројки и проценти.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите Анализа на терцијарни поддомени во секундарниот поддомен ‘org.mk’