Утрински весник: Промовирани пет истражувачки публикации за граѓанското општество |
Понеделник, 30 март 2009 10:46 | |||
Во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка, неделава во Скопје беа промовирани уште пет, од вкупно деветте истражувачки публикации што треба да претставуваат основа за дискусии и за развој на стратегии и планови за развој на граѓанското општество, базирани на истражувања и аргументи. „Феминистички почетоци на социјалната работа“ од Билјана Страмшак- Ѓуровска , „Граѓанските организации во Република Македонија“ - врска помеѓу државата и јавноста или изолиран ентитет (анализа на состојбата од 1990 -2007)“ од Симонида Кацарска, „Односите со јавноста на здруженијата на граѓани во Македонија“ од Маријана Иванова, „Успех во 10 чекори -создавање локален акциски план за прашањето на хендикепот“ од Африм Илјази и „Аспектите на човековата безбедност во Македонија - стари или нови војни“ од Ивана Томовска, се насловите на трудовите поддржани со грант од 730.000 денари. За нивната содржина и значење говореа Слободанка Марковска, Сашо Клековски, Билјана Петковска, Звонко Шаврески и Сашо Петковски. Меѓу публикациите спаѓаат и трите промовирани на крајот на минатата година: „Слободата на изразувањето“ од Слаѓана Димова, „Невладиниот сектор како етички императив на општеството“ од Дејан Донев и „Функционирањето на економско-социјалниот совет на РМ“ од Андон Мајхошев. (К.Б.) Извор: Утрински весник (28.03.2009)
|