А1: НВО ја критикува власта за нетранспарентност - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

А1: НВО ја критикува власта за нетранспарентност PDF Печати Е-пошта
Сабота, 24 јули 2004 01:00

Зад дел од расправата за територијалната организација, стојат скриени партиски групни и лични интереси, констатираат во заедничката изјава 8 невладини организации.

Процесот до сега воопшто не беше транспарентно воден, а власта не водеше сметка за јавноста и искреноста пред граѓаните, иако тоа е неопходно при креирањето на вакви суштински промени во државата, вели дел од невладиниот сектор. Започнатата децентрализација не трпи одлагања.

gjuner-ismail„Имаме сеуште доволно време и капацитети да ги затвориме прашањата, до чие што отварање дојде заради некомпетентност на елитите кои што се занимаваа со целата работа. Во оваа фаза не е на одмет да се користи и експертска помош и искрена политичка воља“, изјави Ѓунер Исмаил.

Невладините организации со барање до претседателот Црвенковски, да отвори процес на барање на заедничко решение за територијалната поделба, во кое покрај потписниците на Рамковниот договор, ќе биде вклучена и ДУИ.
„И позицијата и опозицијата одбиваат да ја согледаат секоја нивна изјава. Состојбите бараат да се реагира“, изјави Сашо Клековски од МЦМС.

Во неколку решенија за територијалната поделба, јасно е дека за власта бил важен и етничкиот критериум. Таа треба да објасни, дали се обезбедени квалитетни механизми кои би ги исклучиле ризиците од отворање на процеси на кантонизација и федерализација врз етничка основа, како и поттикнување на етничко чистење во било каков облик, пишува во заедничката изјава на 8-те невладини организации.

Извор: А1 (24.07.2004)

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите А1: НВО ја критикува власта за нетранспарентност