Велигденска кампања - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Велигденска кампања PDF Печати Е-пошта
Среда, 10 август 2005 01:00

veligdenska-kampana

Општа цел на проектот беше да се придонесе за јакнење на граѓанскиот активизам и на свеста на граѓаните за потребата од одржлив и динамичен граѓански сектор способен да одговори на предизвиците и приоритетите на домашната јавност.

Целта на проектот беше да се поттикне и организира широка јавна акција, во насока на поддршка на афирмација и официјална употреба на уставното име на Република Македонија на меѓународно ниво. Тоа треба да се постигне со медиумска кампања во рамките на Велигденските празнувања.

Додадена вредност на проектот беше можноста дел од предвидените активности да бидат искористени за мобилизација на средства од домашни извори (граѓани, бизнис и јавен сектор).

Целна група на проектот беше општата јавност во Македонија, т.е. граѓаните, медиумите, јавните установи и бизнис секторот.

Во рамките на проектот беа испечатени картички, налепници и маици кои ја носеа пораката “Кажи Македонија” и “Ние имаме јајца”.

Трите продукти беа понудени на продажба преку дистрибутивната мрежа на Медија принт Македонија (МПМ). Пораките што ги носеа продуктите им овозможија на македонските граѓани да го искажат сопствениот став во врска со (не)употребата на официјалното име на државата на меѓународно ниво. Медиумите покажаа интерес за кампањата и ја информираа пошироката јавност преку своите информативни емисии.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите Велигденска кампања