Вест: За десетина дена ќе се пушти водоводот во Арнакија во Сарај - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Вест: За десетина дена ќе се пушти водоводот во Арнакија во Сарај PDF Печати Е-пошта
Вторник, 28 септември 2004 01:00

Жителите од село Арнакија во Општина Сарај за десетина дена треба да добијат вода. Муамеди Бекир, директор на ЈКП "Сарај", вели дека неделава работат на поврзување на водоводната мрежа со изворот Рашче, односно на главната градска водоводна мрежа и дека најдоцна за десетина дена треба да бидат поставени и приклучоците до домовите на 1.200 жители од ова село.

Тој објасни дека е при крај поставувањето на секундарната водоводна мрежа, во должина од 9 километри.
Реализацијата на проектот чини 140.000 евра, од кои дел обезбедила Општината, дел месното население преку самопридонес, а дел Македонскиот центар за меѓународна соработка - МЦМС. (Е.А.)

Извор: Вест (28.септември.2004)

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите Вест: За десетина дена ќе се пушти водоводот во Арнакија во Сарај