Вест: Ќе се обновуваат водоводот и резервоарот во селото Копаница - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Вест: Ќе се обновуваат водоводот и резервоарот во селото Копаница PDF Печати Е-пошта
Среда, 08 септември 2004 01:00

Следната недела во селото Копаница во Општина Сарај ќе почне реконструкцијата на главната водоводна мрежа и на резервоарот за вода.

_saraj-2

Надлежните во Општината велат дека ќе извршат реконструкција на главниот цевковод со кој се поврзани на изворот Рашче, бидејќи во 1997 година, кога бил изграден, биле направени многу технички пропусти, поради кои не можеле да го приклучат ова село на градската водоводна мрежа.
Ферик Бељули, советник за односи со јавност во Општина Сарај, вели дека проектот за реконструкција на главниот водоводен вод и на резервоарот во селото Копаница ќе биде финансиран преку Македонскиот центар за меѓународна соработка МЦМС, за што веќе се одобрени еден милион денари. Изведувач на градежните работи ќе биде фирмата "Аква монт" и според планот, најдоцна за еден месец треба да протече вода во домовите на жителите од Копаница.
"Неодамна завршивме со изградбата на секундарната водоводна мрежа во Копаница, а беа направени и приклучоци до индивидуалните корисници. Но кога се обидовме да ја поврземе мрежата со главниот вод кон Рашче, се виде дека има многу технички недостатоци и водата не можеше да помине. Утврдено е дека и постојниот резервоар за вода е несоодветен и затоа решивме да извршиме реконструкција", вели Бељули. (Е.А.)

Извор: Вест (8.септември.2004)

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите Вест: Ќе се обновуваат водоводот и резервоарот во селото Копаница