Вест: За десетина дена ќе се пушти водоводот во Арнакија во Сарај |
![]() |
![]() |
![]() |
E martë, 28 shtator 2004 01:00 | |||
Жителите од село Арнакија во Општина Сарај за десетина дена треба да добијат вода. Муамеди Бекир, директор на ЈКП "Сарај", вели дека неделава работат на поврзување на водоводната мрежа со изворот Рашче, односно на главната градска водоводна мрежа и дека најдоцна за десетина дена треба да бидат поставени и приклучоците до домовите на 1.200 жители од ова село. Тој објасни дека е при крај поставувањето на секундарната водоводна мрежа, во должина од 9 километри. Извор: Вест (28.септември.2004)
|