Вест: За десетина дена ќе се пушти водоводот во Арнакија во Сарај - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Вест: За десетина дена ќе се пушти водоводот во Арнакија во Сарај PDF Print E-mail
Tuesday, 28 September 2004 01:00

Жителите од село Арнакија во Општина Сарај за десетина дена треба да добијат вода. Муамеди Бекир, директор на ЈКП "Сарај", вели дека неделава работат на поврзување на водоводната мрежа со изворот Рашче, односно на главната градска водоводна мрежа и дека најдоцна за десетина дена треба да бидат поставени и приклучоците до домовите на 1.200 жители од ова село.

Тој објасни дека е при крај поставувањето на секундарната водоводна мрежа, во должина од 9 километри.
Реализацијата на проектот чини 140.000 евра, од кои дел обезбедила Општината, дел месното население преку самопридонес, а дел Македонскиот центар за меѓународна соработка - МЦМС. (Е.А.)

Извор: Вест (28.септември.2004)

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity MCIC in the Media Вест: За десетина дена ќе се пушти водоводот во Арнакија во Сарај