Вечер: За граѓаните најпроблематични се амбасадите на Италија и Германија |
Среда, 09 јули 2008 01:00 | |||
Во некои амбасади на граѓаните им бараат да поднесат нестандардни документи кои воопшто не ги издаваат некои надлежни институции или едноставно нема такви, велат од МЦМС, кои спроведуваат проект Набљудување на визниот режим. Оттаму забележуваат и дека граѓаните не знаат точно кои се предностите од Спогодбата, а кои се нивните обврски, па имаат големи очекувања Граѓаните кои аплицираат за виза наидуваат најмногу на проблеми во амбасадите на Италија и Германија. Од осумдесетина повици на инфо линијата која функционира од 10 јуни, во рамки на проектот Набљудување на визниот режим, што го спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка, со цел да се види како функционира Спогодбата за олеснување на визниот режим по шест месеци од потпишувањето, поплаките биле најмногу за овие две амбасади, кај другите амбасади имало по една или две поплаки. Од досегашните јавувања, како што информираат од МЦМС, забележале дека граѓаните освен во овие две амбасади најмногу бараат визи и од холандската и австриската амбасада. Од досегашни повици, во МЦМС констатираат дека граѓаните генерално немаат доволно информации за тоа што е шенгенски Понатаму анализата укажува дека со поголеми проблеми се Често граѓаните кои нема да добијат виза не им се дава објаснување, тие се соочуваат и со непристојно однесување од страна на персоналот во конзуларното одделение, долги процедури за добивање одговор и издавање на визи за многу краток период, вели Адеми. Она, пак, што може да се наведе како позитивно е дека граѓаните се задоволни само од оној дел на процесот на аплицирање ако или кога ќе добијат информација дека добиле виза. Проектот Набљудување на визниот режим на МЦМС освен во Македонија се спроведува и во останите земји од регионот кои имаат потпишано спогодби за олеснување на визниот режим, а станува збор за Србија, Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Бројот на јавувањата од страна на граѓаните се различни во сите земји. Интересот е поголем во Босна и Херцеговина и Албанија, многу помалку се јавуваат за информации во Црна Гора, а во Србија е слично како и кај нас. Слаѓана ДИМИШКОВА Извор: Вечер (9.јули.2008)
|