Време: Признание за Специјална олимпијада - Македонија - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Време: Признание за Специјална олимпијада - Македонија PDF Печати Е-пошта
Четврток, 10 јуни 2004 01:00

Специјална олимпијада - Македонија ја доби наградата за одржлив развој Херт Јан ван Апелдорн за постигнување во претходната година, која четврта година по ред ја доделува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). Како што објаснија претставниците на МЦМС, на свечената церемонија, наградата се доделува „за промоција и за поддршка на правото на поединците, групите и луѓето да учествуваат, да придонесуваат и да уживаат во континуиран економски, социјален, културен и политички развој, во кој сите во целост ќе ги остварат своите човекови права и фундаментални слободи“.

Во 2003 година Специјална олимпијада покрена кампања за вклучување на лицата со ментален хендикеп во секојдневните текови на живеењето преку нивно активирање во разни спортски активности. На Летните светски олимписки игри во Даблин, Специјална олимпијада - Македонија освои два златни, два сребрени и еден бронзен медал.

- Нашите сограѓани со посебни потреби покажаа дека можат да бидат рамноправен дел од општеството и да дадат голем придонес за државата. Тоа се лица кои заслужуваат да им се даде шанса и мислам дека наградата оди во вистински раце - рече Огнен Стаматовски, националниот директор на Специјална олимпијада - Македонија по примањето на наградата.

К. Б

Извор: Време (10.јуни.2004)

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите Време: Признание за Специјална олимпијада - Македонија