Време: Невладиниот сектор со нова кампања - „Кажете ОК за МК“ - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Време: Невладиниот сектор со нова кампања - „Кажете ОК за МК“ PDF Печати Е-пошта
Сабота, 29 октомври 2005 01:00

„Кажете ОК за МК“ е нова кампања на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Форум-центарот за стратегиски истражувања и „Потрага по заедничка основа“, со која ќе ги мотивираат граѓаните да ги замолат пријателите во странство да лобираат за Македонија.

- Кампањата нема политичка заднина. Слични акции има и во Бугарија и во Србија, а истото го прават и државите од Западна Европа кога лобираат за себе - рече Јулијана Тешија од Форум-центарот, на вчерашната прес-конференција.

За потребите на кампањата, Институтот за социолошки и политички правни истражувања мината недела анкетирал 1.200 граѓани за нивниот став кон ЕУ.

Повеќе од 90 отсто испитаници одговориле дека се за членство во ЕУ. Дека државата ги исполнува условите за прием се изјасниле 56,3 отсто испитаници.

Околу 40 отсто анкетирани не биле задоволни од ангажманот на Владата во процесот на евроинтеграција, а 57 отсто испитаници би учествувале во акција за поддршка на патот кон Унијата.

Новата кампања е продолжение на претходната, „Спомнете ја Македонија по добро“, поради која Хелсиншкиот комитет ги критикуваше трите невладини организации дека го понижуваат достоинството на граѓаните.

Кампањата ќе чини 20.000 евра. Организаторите велат дека дел од парите обезбедиле МЦМС и УНДП. Бараат и други донации, но не посочија од кои организации.

С.С.

Извор: Време (29.октомври.2005)

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите Време: Невладиниот сектор со нова кампања - „Кажете ОК за МК“