Време: Невладиниот сектор со нова кампања - „Кажете ОК за МК“ - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Време: Невладиниот сектор со нова кампања - „Кажете ОК за МК“ PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E shtunë, 29 tetor 2005 01:00

„Кажете ОК за МК“ е нова кампања на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Форум-центарот за стратегиски истражувања и „Потрага по заедничка основа“, со која ќе ги мотивираат граѓаните да ги замолат пријателите во странство да лобираат за Македонија.

- Кампањата нема политичка заднина. Слични акции има и во Бугарија и во Србија, а истото го прават и државите од Западна Европа кога лобираат за себе - рече Јулијана Тешија од Форум-центарот, на вчерашната прес-конференција.

За потребите на кампањата, Институтот за социолошки и политички правни истражувања мината недела анкетирал 1.200 граѓани за нивниот став кон ЕУ.

Повеќе од 90 отсто испитаници одговориле дека се за членство во ЕУ. Дека државата ги исполнува условите за прием се изјасниле 56,3 отсто испитаници.

Околу 40 отсто анкетирани не биле задоволни од ангажманот на Владата во процесот на евроинтеграција, а 57 отсто испитаници би учествувале во акција за поддршка на патот кон Унијата.

Новата кампања е продолжение на претходната, „Спомнете ја Македонија по добро“, поради која Хелсиншкиот комитет ги критикуваше трите невладини организации дека го понижуваат достоинството на граѓаните.

Кампањата ќе чини 20.000 евра. Организаторите велат дека дел од парите обезбедиле МЦМС и УНДП. Бараат и други донации, но не посочија од кои организации.

С.С.

Извор: Време (29.октомври.2005)

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni MCMS në mediat Време: Невладиниот сектор со нова кампања - „Кажете ОК за МК“