Понеделник, 16 октомври 2006 01:00 |
Во саботното издание на дневните весници ?Утрински весник", ?Дневник" и ?Вест" ќе бидат дистрибуирани 200 илјади разгледници кои граѓаните ќе можат да ги испратат до Советот на Европа, како реакција на уредбата на Советот на Европа и употребата на референцата ?Бивша југословенска Република Македонија".
Истовремено ќе бидат објавени и неколку адреси од Советот на Европа, на кои граѓаните ќе можат да ги испратат картичките како израз на лично незадоволство и неприфаќање на уредбата на Советот на Европа за употреба на референцата БЈРМ. По овој повод в петок во ?Холидеј ин" ќе се одржи прес-конференција на која ќе бидат презентирани активностите што се преземаат како реакција на уредбата на Советот на Европа.
Извор: Утрински весник (16.октомври.2006)
Станува збор за акција на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Институтот ?Евро-Балкан", повеќе граѓански организации и установи, која ќе се реализира во соработка со дневните весници, преку кои ќе бидат дистрибуирани картичките. Насловот на акцијата и слоганот на разгледниците е ?Кажи Македонија".
|