Ефективност на граѓанското општество во ситуации на конфликт - извршно резиме - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Ефективност на граѓанското општество во ситуации на конфликт - извршно резиме PDF Печати Е-пошта
Сабота, 02 јули 2011 13:23

Ефективност на граѓанското општество во ситуации на конфликтПоследните десетина години на глобални ниво течат неколку процеси за дефинирање каква меѓународна помош е потребна за да се постигне ефективност на граѓанското општество (ГО). Еден од овие процеси го води Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), наречен Отворен форум за ефективноста на развојната поддршка на ГО. Процесот го координира конзорциум од 29 меѓународни организации или национални платформи за развојна помош. Досега се одржани повеќе глобални, регионални и национални консултации, а во 2010 г. се одржа и Глобалното собрание, на кое се донесени и Истанбулските принципи за ефективност на развојната поддршка на ГО. Дополнително е договорено и да се дискутира за дејствувањето на ГО во ситуации на конфликт, процес кој го води Цивикус-Светската мрежа за граѓанско учество. За таа цел ќе бидат организирани две национални консултации во Зимбабве и во Филипини, како и една регионална консултација за Балканот.

Општа цел на проектот е овозможувачка околина за ефективно функционирање на граѓанските организации. Цел на проектот е подобрена соработка помеѓу граѓанските организации за прашања од заеднички интерес.

Целна група на проектот се граѓанските организации и донаторите. Директни корисници се граѓанските организации и нивните мрежи. Целното подрачје се земјите од Западен Балкан, а локацијата на спроведување на проектот е Скопје.

Очекувани резултати од проектот се: Препораки за насоки, механизми и показатели за поддршка на ГО во ситуации на конфликт засновани на Истанбулските принципи.

Проектот ќе се спроведе преку следните активности:

а) Регионална тематска консултација: Целите на регионалната тематска консултација се:

  • Идентификување и приоритизирање на заеднички принципи за ефективноста на развојната помош за ГО во ситуации на конфликт;
  • Идентификување заеднички препораки до владите и донаторите за минималните услови за овозможувачка околина, кои се неопходни за ефективна работа на ГО во ситуации на конфликт;
  • Дефинирање препораки за насоки, механизми и показатели за да им помогнат на ГО да ја измерат ефективноста на нивната работа во ситуации на конфликт.

На работилницата ќе бидат поканети околу дваесет претставници на граѓански организации, кои имаат искуство со работа во ситуации на конфликт од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Србија, Хрватска и Црна Гора. Работилницата ќе биде дводневна и ќе се организира на 28 февруари – 1 март 2011 г. во Скопје.

МЦМС е одговорен за организација и фасилитација на работилницата. БЦСДН е одговорен за координација на регионалното учество.

б) Студија за ефективноста на ГО во ситуации на конфликт: По одржувањето на работилницата Цивикус ќе спроведе он-лајн анкета и телефонски интервјуа со поголем број релевантни граѓански организации за да придонесе кон постигнувањето на целите на работилницата. МЦМС и БЦСДН ќе ги идентификуваат организациите – учесници во студијата, а ќе обезбедат и нивни контакти и по потреба превод на прашалникот.

Периодот на спроведување е од 15 февруари до 29 април 2011 г .

Претпоставки кои влијаат и придонесуваат кон постигнување на проектните резултати се: Постои интерес за учество во регионалната тематска консултација и студија; Во активностите учествуваат релевантни граѓански организации; Учесниците се подготвени за размена на искуство и расправа, како и за дефинирање препораки за ефективност на развојната помош за ГО во ситуации на конфликт.

Информации за активностите на проектот ќе се објават на веб-страниците на МЦМС и БЦСДН. Работилницата ќе биде најавена со соопштение за јавноста, а доколку постои интерес од страна на медиумите ќе бидат обезбедени изјави од учесниците.

Цивикус, МЦМС и БЦСДН се одговорни за спроведување на проектот. Погоре се наведени конкретните одговорности на партнерите.

Во проектот ќе се применуваат стандардните системи и процедури на МЦМС. Одговорна за проектот е Даниела Стојанова, одговорен соработник за програмата, а во спроведувањето на активностите ќе бидат вклучени повеќе соработници. Раководителот на Одделението за граѓанско општество ќе ја надгледува целокупната работа. Одборот на директори ќе учествува во насочување и советување во врска со спроведувањето на проектот. Проектот е сложен.

Буџетот на проектот изнесува 705.000 денари. Трошоците за проектот паѓаат на програмата Институционален развој на граѓанското општество (ИРГ). Проектот ќе биде финансиран од Цивикус.

Завршен извештај од проектот.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите Ефективност на граѓанското општество во ситуации на конфликт - извршно резиме