Изборни нерегуларности - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Изборни нерегуларности PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 23 мај 2011 20:50

Автор: Сашо Клековски
Дата: мај 2011
ИСБН: 978-608-4617-23-5
PDF:   izborni-neregularnosti-2011.pdf
 
Изборни нерегуларностиМакедонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Институтот за демократија Социетас цивилис - Скопје (ИДСЦС) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ) во април 2011 г. започнаа повеќе заеднички активности за вонредните парламентарни избори, кои вклучуваат истражувања, набљудување на изборните програми и кампањи, на медиумите, на изборната администрација и на денот на гласањето.

Дел од активностите се и испитувањата на јавното мислење за прашања поврзани со изборите, како карактеристиките на кандидатот за пратеник, можните изборни нерегуларности и сл. Во овој извештај се презентирани мислењата на граѓаните за тоа како ќе се одвиваат вонредните парламентарни избори, дали очекуваат нерегуларности и какви нерегуларности се можни.

Истражувањето покажа дека мнозинство од граѓаните (50,8 %) очекуваат фер и демократски избори, 25,3% очекуваат делумно фер и демократски избори, а еден од десет граѓани (12,8%) стравува дека ќе има масовни нерегуларности и насилство на изборите. Етничките Албанци  (14,4 %) малку повеќе стравуваат од масовни нерегуларности и насилство на изборите од етничките Македонци (11,5 %). Граѓаните од изборните единици 4 (58,1), 6 (57%) и 3 (55%) имаат највисоки очекувања дека изборите ќе бидат фер и демократски. Граѓаните од изборната единица 2 имаат најниски очекувања за фер и демократски избори (36%) и најмногу стравувања дека изборите воопшто нема да бидат фер и демократски (18,8 %).

Граѓаните сметаат дека најчести нерегуларности би можеле да бидат сите наведени форми (25,4 %) и поткупување на гласачите (14 %), а најмалку мислат дека ќе има заплашување на денот на изборите (3,0 %). Етничките Македонци мислат дека би можело да се случи поткуп на гласачи (15,4 %), а етничките Албанци сметаат дека би можело да се случи полнење на кутиите (19,0 %). Полнење кутии би можело да се случи најмногу во ИЕ 6 (18 %), а насилни инциденти во ИЕ 1 (8,7%) и 2 (8,6%).

Изборните нерегуларности би биле предизвикани од партиите  50,2% (од тоа партиите воопшто 21,2%, партиите на власт 15,3% и во опозиција 13,7%); од граѓаните (9,3%), од локални насилници (7,4%) и на крајот поради неспособноста на изборните ор-гани (1,1%). Најчесто како причинители на нерегуларности на изборите ги гледаат парти-ите воопшто во ИЕ 2 (28,5%), партиите на власт во ИЕ 6 (20,8 %), партите во опозиција во ИЕ 5 (18,2%), локални насилници во ИЕ 1 (10,8%) и граѓаните во ИЕ 6 (19,7%).

Како најчеста причина за изборните нерегуларности граѓаните ја гледаат незрелоста и недемократичноста на партиите (29,5 %), а најретко партизацијата на изборните органи (10,9 %) и етничката припадност (10,9 %). Дека нерегуларности постојат само кај одредени етнички заедници, мислат 14,1 % од етничките Македонци и 1,8 % од етничките Албанци.

Испитувањето на јавното мислење е направено преку телефонска анкета од страна на ИДСЦС од 13 до 15 мај 2011 г. на репрезентативен примерок од 1.107 испитаници.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите Изборни нерегуларности