Раководење со Балканската мрежа за развој на граѓанско општество - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Раководење со Балканската мрежа за развој на граѓанско општество PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 13 октомври 2008 15:01

rbmБалканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) ја сочинуваат 12 граѓански организации од девет земји од балканскиот регион: Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Косово, Македонија, Романија, Словенија и Србија.

МЦМС раководи со Извршната Канцеларија на БЦСДН. Започнати сите планирани активности предвидени со годишниот план. Реализиран е минимален план на планираните активности. Во делот на координација, се комплетираше процес на формализацијата на мрежата започната со стратешко планирање во 2008. г.

Основачкото собрание се одржа на 6-ти, а состанок на Управниот одбор на 7-ми јули во Скопје, Македонија. Освен основни статутарни документи, беа избрани и органи за управување и раководење на мрежата како Совет, Управен одбор, Институција-домаќин (МЦМС) и Извршен директор. БЦСДН е регистрирана како фондација со решение на Централен регистар на Македонија во октомври. Во третиот квартал беа преземени мерки и активности за независно административно и финансиско функционирање на мрежата.

Во делот на информации продолжи ажурирањето на интернет страна со информации поврзани со активности на БЦСДН и испраќање двонеделни вести (Weekly e-mail alerts). За споделување на интерни вести, беа објавени 5 броја на билтен. Во периодот јануари-декември беа објавени 24 изданија на вестите. Дистрибутивната листа се зголеми од 250 на 883 организации и поединци. Во третиот квартал започна редизајн на веб-страната, но не беше комплетиран поради приоритетот за редизајн на другите веб-страни управувани од МЦМС.

Во делот на застапување се комплетираше спроведувањето на проектот за истражувањето на улогата на граѓанското општество во процесот на евроинтеграции со одржување на работилницата „Право да бидеме слушнати: Процесот на проширување и граѓанското општество во Западен Балкан“ во септември во Брисел, Белгија. На истата беше промовиран политички документ (policy paper) со препораки до Европската комисија пред 40 претставници на ЕУ институции, мрежи и партнерски организации. Документи беше последователно преведен на три локални јазици, вклучително и на македонски и се промовираше на локално ниво.

Во текот на годината произлегоа повеќе заеднички ставови и иницијативи координирани од страна на МЦМС. Во мај беше подготвен и промовиран манифест „Не ги заборавајте идните европски граѓани“, по повод изборите за Европскиот парламент. Во јуни мрежата настапи со заедничко писмо до Европска комисија (ЕК) за вклучување на локалните ГО во програмирањето на ИПА на кое се приклучија и други ГО (вкупно 17) кое резултираше со директна средба со претставници на ЕК во јули 2009 г. Во октомври, мрежата протестираше за однесување на претставник на ЕК. По повод објавувањето на извештаите за напредокот на ЕК, мрежата објави анализа за подрачјето на поддршка на граѓанскиот сектор и граѓанскиот дијалог. Во декември мрежата даде придонес во консултацијата на ЕК за ревизија на правила за финансирање на грантови за ГО.

Членките беа активни и во поднесување заеднички проекти на теми како набљудување на буџетската поддршка на ГО во земјите во регионот, разменски посети и обука.

Мрежата продолжи со вклучување и соработка со мрежите и организации од ЕУ, како АПРОДЕВ, КОНКОРД и ЕЦАС преку учество на состаноци и на нивните активности.

Извршно резиме од програмата.

Проекти:

Завршени проекти:

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите Раководење со Балканската мрежа за развој на граѓанско општество